Спорт
Пеџа Стојаковиќ заминува во пензија
Предраг Стојаковиќ, по 13 сезони минати во НБА лигата, реши да замине во спортска пензија, пренесува ESPN. Еден од најдобрите српски кошаркари, во историјата на овој спорт, во 34-година од животот, на ваков чекор се реши поради проблемите со вратот и грбот.
Предраг Стојаковиќ, по 13 сезони минати во НБА лигата, реши да замине во спортска пензија, пренесува ESPN. Еден од најдобрите српски кошаркари, во историјата на овој спорт, во 34-година од животот, на ваков чекор се реши поради проблемите со вратот и грбот. „Кога ќе започнете за се натпреварувате со своето тело, повеќе отколку што се подготвувате за натпревар, тоа ќе ве разбуди. Си ветив дека ќе се повлечам во оној момент кога моето срце и тело нема да бидат 100 отсто посветени. Дојдов до тој момент и знам дека е вистинско време да се повлечам“, изјави Стојаковиќ. Пеџа Стојаковиќ ќе биде запаметен како еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата. За време на својата 13 годишна кариера играше за Сакраменто, Индијана, Њу Орлеанс, Торонто и Далас. Просечно во кариерата постигнувал по 17 поени на натпревар, тројки шутирал со 40% реализација, и се наоѓа на четвртото место на вечната листа според уфрлените шутеви за три поени (1.760 тројки). Кариерата ја започна во 1994 година во Црвена звезда со која ја освои шампионската титула во домашното првенство, за потоа да се пресели во ПАОК од Солун, каде мина четири години. Од ПАОК, Стојаковиќ се сели во престолнината на Калифорнија во дресот на Сакраменто Кингс. Како член на Сакраменто ја игра својата најдобра кошарка во животот, четири пати беше учесник на „Ол стар“ натпреварите, а во сезоната 2003/04 имаше просечни 24,2 и 6,2 скока по натпревар. И покрај извонредните игри во Сакраменто, како дел од генерацијата на Дивац, Вебер, Биби, Кристи, Туркоглу, Полард тој не успеа да стигне до шампионскиот прстен. Стојаковиќ во 2006 година беше разменет во Индијана, но таму не се задржа долго. Следните четири години ги мина во Њу Орлеанс, каде имаше големи проблеми со повредите. Сепак во Њу Орлеанс на 14. ноември 2006 година постигна рекордни, во кариерата, 42 поени, а притоа стана единствениот играч во историјата на НБА лигата, кој во серија постигнал 20 поени за својот тим. Минатата сезона ја започна во Торонто, каде одигра само два натпревари за во јануари да се пресели во Далас, каде даде голем придонес во освојувањето на шампионскиот прстен, особено во плеј оф дуелите со ЛА Лејкерс. Извонредната спортска кариера Стојаковиќ ја заокружи и со своите настапи во националниот тим, во 2001 година стана европски првак со тогашна СР Југославија и беше избран за најкорисен играч на првенството, а само една година подоцна беше еден од клучните играчи за освојување на светската титула во Индијанаполис. крај/espn/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Гол за „Пушкаш“ во режија на Пједраита
Името на Алехандро Пједраита, не е многу позанто во светот на фудбалот, но она што го направи Колумбиецот во дербито на Софија го направи хит на социјалните мрежи. Масовно се дели неговиот гол против Сзлавија.
Во 82-та минута, Колумбиецот го постигна единствениот гол за ЦСКА Софија во победата од 1:0 над нивниот голем ривал.
Интересно, ова е прв пат за Колумбиецот откако пристигна во Бугарија. Тој дојде како слободен агент оваа зима, откако му истече договорот со аргентинска Гимназија.
POTENTIAL PUSKAS WINNER 🤯🤯🤯
Colombian winger Alejandro Piedrahita with an absolute beauty for CSKA Sofiapic.twitter.com/dkJEpxebrV
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) February 21, 2026
🇧🇬 | Alejandro Piedrahita'dan sezonun golü. Olağanüstü. Puskas adayı.
⚔️ CSKA Sofia 1-0 Slavia Sofya
📷 @CSKA_Sofia pic.twitter.com/QnlD8roHL8
— Balkan Futbolu (@BalkanFutbolu) February 21, 2026

