Свет
Грипот веќе е глобална закана, над 6 000 починати
Бројот на починати од новиот грип во светски рамки е над 6 000 лица, а проценките се дека во околу 200 држави и територии, од вирусот Х1Н1 се заразени близу половина милион луѓе
Бројот на починати од новиот грип во светски рамки е над 6 000 лица, а проценките се дека во околу 200 држави и територии, од вирусот Х1Н1 се заразени близу половина милион луѓе, соопшти СЗО.
Здравствените научници проценуваат дека силата на вирусот би можела да опадне и ширењето да биде спречено во наредните три години, но се стравува дека пред крајот на панмдемијата би можело да биде заразена над 30 отсто од светската популација, пренесува во саботата, радиото Гласот на Америка,
Во голем број земји ширум светот, владите и граѓаните преземаат мерки за заштита од вирусот на свинскиот грип Х1Н1.
Од овој вирус, во САД како што е соопштено, починале околу илјада лица, а околу еден милион се заразени. Во Кина поради бавната светска распределба на вакцините, властите почнаа производство на своја вакцина и спроведуваат масовна вакцинација.
На европскиот континент состојбата е најсериозна во Украина. Грипот брзо се шири и на Балканот.Стотици илјади дози Тамифлу, средство против свинскиот грип, пристигнаа во Украина во која грипот одеднаш почна да се шири и до сега однесе 22 животи.
На Балканот, случаи на заболени од свински грип се регистрирани од Словенија до Грција.Српските власти денеска соопштија за нова, петта жртва од грипот, од кој во земјата вкупно се заболени 244 лица.
Во Македонија досега се заразени до 60 лица. /крај/ег/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години
Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во емотивна изјава пред неговото официјално проштално обраќање.
„Ги дадов срцето и душата на нашата нација“, рече Бајден во писмото објавено од Белата куќа.
„Бев благословен милиони пати за љубовта и поддршката на американскиот народ“.
Бајден (82) во понеделник „ќе му ја предаде штафетата“ на Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во ноември минатата година.
Бајден не само што ќе ја напушти Белата куќа по четири години на чело на најмоќната демократија во светот, туку и ќе ја заврши својата политичка кариера.
„Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години“, напиша Бајден.
„Никаде на друго место на Земјата не би можело дете со скромно потекло од Скрентон, Пенсилванија и Клејмонт, Делавер, кое пелтечеше, еден ден да седне на маса во Овалната соба како претседател на Соединетите држави“, рече тој.
Белата куќа, исто така, објави долга листа на достигнувања на Бајден како претседател, вклучително и историското закрепнување од пандемијата на коронавирус и економски раст и намалување на трошоците.
Но, многу Американци ќе го паметат и по неговото инсистирање да се кандидира за втор мандат, иако долго се поставуваше прашањето дали е способен да го стори тоа поради годините.
По катастрофалниот настап во телевизиска дебата, Бајден на крајот се повлече од трката само неколку месеци пред изборите, а демократите ја номинираа потпретседателката Камала Харис за свој претседателски кандидат.
„Историјата е во вашите раце. Моќта е во вашите раце. Идејата за Америка е во вашите раце. Треба само да ја задржиме вербата и да се потсетиме кои сме“, заклучува Бајден во писмото.
Свет
Британка загина на скијање на Алпите, удри во друг скијач
Британка (62) загина на скијање на француските Алпи. Англичанката скијала на една од најпредизвикувачките падини на француската планина кога се судрила со друг скијач, објавија локалните медиуми.
Несреќата се случила вчера околу 10 часот и 30 минути, кога удрила во 35-годишен маж кој во тој момент стоел на истата патека, јавува „Скај њуз“.
Службите за брза помош и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на несреќата, но не успеале да ја оживеат жената која починала од трауматски шок. Човекот со кој таа се судрила, исто така, бил британски државјанин.
Регион
Хрват од Истра предводел терористичка група, го поврзуваат со напади во Европа
Американскиот Стејт департмент во понеделникот го прогласи колективот Терорграм за терористичка група и воведе санкции за водачите на групата. Еден од нив е Хрват од Истра.
„Терорграм е транснационална терористичка група која оперира првенствено на социјалните медиуми и платформата за дигитални пораки Телеграм. Групата промовира насилен бел расизам, поттикнува напади врз перцепирани противници и обезбедува упатства и инструкциски материјали за тактики, методи и цели за напади, вклучително и критична инфраструктура и владини претставници. Групата исто така ги слави оние кои извршиле такви напади“, се вели во соопштението што го пренесе „Индекс“.
Групата ги поттикнала корисниците на Терорграм на напади, вклучително и пукање во октомври 2022 година пред ЛГБТ бар во Словачка, планиран напад на енергетски објекти во Њу Џерси во јули 2024 година и напад со нож во џамија во Турција во август 2024 година.
Во септември 2024 година, двајца водачи на американскиот терорграм беа обвинети. Во обвинението се наведени 15 точки, вклучувајќи поттикнување на извршување злосторства од омраза, поттикнување убиства на владини службеници и заговор за давање материјална поддршка на терористите.
Стејт департментот ги објави имињата на тројцата лидери на Терорграм:
Чиро Даниел Аморим Фереира е администратор на каналот Терорграм; Фереира е бразилски државјанин кој живее во Бразил.
Ноа Ликул е висок член. Тој е хрватски државјанин кој живее во Хрватска.
Хендрик-Вал Мулер е администратор на каналот Терограм; Мулер е државјанин на Јужна Африка кој живее во Јужна Африка.