Економија
Бензините поскапуваат три денари, дизелот два

Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, додека дизелот поскапува за два денари по литар.
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, додека дизелот поскапува за два денари по литар.вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика на редовната двонеделна седница, наменета за корекција на цените на нафтените деривати.Согласно одлуката, литар еуросупер-95 ќе се продава по 80 денари, додека цената на литар еуросупер-98 ќе изнесува 81,5 денари.Новата продажна цена на еуродизелот изнесува 68 денари за литар, додека екстралесното масло за домаќинство поскапува за 2,5 денари по литар, со што новата цена на ова гориво ќе достигне 57 денари.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,848 ден/кг, по што новата цена на изнесува 41,247 ден/кг. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Кочоска: 10,4 милиони евра е вредноста на првата транша која ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем

10,4 милиони евра е вредноста на првата транша која ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем, посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот профил на „Фејсбук“.
„Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија. Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолни услови во глобални рамки“, рече Кочоска и додаде:
„Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот“.
Економија
„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

Скопје, 5 март 2025 „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива.
„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција.
Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ – уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.
„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година. Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност. И секако, неизмерно сме благодарни на нашите соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.
ПР текст
Економија
Мицкоски: Економијата заздравува, буџетот се полни со предвидената динамика, доаѓаат убави времиња за граѓаните

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП, изјави:
„Да го прокоментираме и растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал. Апсолутно тоа се први индикации дека економијата заздравува, дека одиме во правилна насока за помалку, би рекол од три квартала, ја стабилизиравме состојбата во државата, што беше практично и наша примарна цел. Да ја стабилизираме од слободниот пад, а потоа се разбира преку активни политики и домаќински политики, чесно и добро владеење, да успееме да обезбедиме раст на економијата“, кажа Мицкоски.
Во третиот квартал, како што потсети таа била 3%, сега е 3.2%.
Мицкоски очекува ваквиот тренд да продолжи во првиот квартал од оваа година.
„Очекувам уште една убава вест кон крајот на неделата. И мислам дека стратегијата да ја консолидираме, а потоа да ја придвижиме до точка нула и потоа да ја развиваме полека, но сигурно, вродило со плод. Порано од нашите очекувања се стабилизираа состојбите, буџетот се полни со предвидената динамика и ценам дека доаѓаат убави времиња за македонските граѓани.“