Контакт

Свет

Абдулах се повлече од авганистанските претседателски избори

Објавено пред

Авганистанскиот опозициски претседателски кандидат во недела објави дека нема да учествува на вториот круг од претседателските избори, бидејќи смета дека нема да биде фер

dobivaj vesti na viber

„Нема да учествувам на изборите на 7-ми ноември. Одлуката не беше лесна. До ена дојдов преку многу разговори и советувања со авганистанскиот народ, моите поддржувачи и влијателни лидер“, изјави Абдулах Абдулах по средбата со племенските лидери што се одржа во огромен шатор надвор од главниот град Кабул.Абдулах, поранешен авганистански министер за надворешни работи, соопшти дека се повлекува од претседателската трка бидејќи не биле исполнети барањата што тој ги поднесе до владата и изборната комисија за обезбедување чесни избори. Тој додал дека и вториот круг ќе биде исто нерегуларен како и првиот, и побарал смена на претседателот на изборната комисија и на три министра кои ги обвини за организирање на измамите во првиот изборен круг.Првиот круг од авганистанските претседателски избори се одржа на 20 август и беше обележан со големо насилство од страна на талибаните кои имаа цел да го оневозможат одржувањето на изборите и да ги релативизираат резултатите. Делумно во тоа и успеаја, бидејќи излезноста беше 38.7 отсто. Исто така, опозицијата и приврзаниците на Абдулах го обвинија актуелниот претседател Хамид Каразаи, дека направил големо лажирање откако тој се прогласи за победник со огромно мнозинство од гласовите. Но по многуте реакции за изборни измами, беше спроведена истрага од независна изборна комисија која поништи околу милион изборни ливчиња со што процентот на освоени гласови кај Карзаи го смали на 49,7 со што се овозможи одржување на вториот круг во кој Абдулах треба да настапи со освоени 30,6 отсто од гласовите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хамас тврди дека негова делегацијата оди во Каиро за да разговара за примирје во Газа

Објавено пред

Делегација на исламската милитантна група Хамас денеска ќе замине за Каиро за да ги продолжи разговорите за можен договор за прекин на борбите во Газа, соопшти групата доцна синоќа, пренесе ДПА.

dobivaj vesti na viber

– Додека го нагласуваме позитивниот дух со кој раководството на движењето одговори кога го проучуваше предлогот за прекин на огнот што го доби неодамна, одиме во Каиро во истиот дух за да постигнеме договор, се вели во соопштението на Хамас.

Се додава дека Хамас и „палестинските сили на отпорот се решени да го созреат договорот, на начин што ќе ги исполни барањата на нашиот народ за целосен прекин на агресијата, повлекување на окупациските сили, враќање на раселените, олеснување за нашите луѓе, почеток на реконструкција и комплетирање на сериозен договор за размена“.

Според извор од Хамас, има уште некои точки кои треба да се разговараат и имало потреба од повеќе појаснувања. Откако тие ќе се разјаснат, движењето ќе го објави својот конечен став.

– Но, можам да ви кажам и според изјавата што штотуку ја испрати движењето, одговорот ќе биде позитивен, изјавил изворот од Хамас за ДПА.

Месечното посредување на Египет, Катар и САД меѓу Израел и Хамас допрва треба да резултира со пробив. Во последните денови се интензивира и дипломатскиот притисок за постигнување договор.

Прикажи повеќе...

Свет

Американски разузнавачи со предупредување: Русија и Кина подготвуваат заедничка инвазија

Објавено пред

Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека Русија и Кина тесно соработуваат за голем број воени прашања, вклучително и потенцијална инвазија на Тајван.

dobivaj vesti na viber

Такво нешто ја поттикна американската администрација да планира како да спречи такво сценарио, пренесува „Блумберг“.

„Ова е првпат Кина и Русија да соработуваат за прашањето на Тајван. Кина дефинитивно сака да соработува со Русија во оваа насока“, рече шефицата на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс за време на нејзиното сведочење пред Конгресот.

Републиканскиот сенатор Мајк Раунд од Јужна Дакота ја праша Хејнс за такво сценарио за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби во Сенатот. Тој праша и дали Пентагон планира одговор на таквата можност, бидејќи големи се шансите во случај на конфликт со една земја да биде отворен потенцијален конфликт со една или повеќе од нив. Тоа би влијаело на многу работи.

„Секако дека постои можност да се случи такво нешто. Одговорот на тоа прашање зависи од сценариото што би се развило“, рече Хејнс, додавајќи дека разузнавачките проценки укажуваат дека постои зголемена соработка во партнерството „без забрани“ меѓу Русија и Кина во секој општествен сектор – политички, економски, воени, технолошки“, пренесува медиумот.

Нејзините изјави, според написите ги потврдил и генерал-полковник Џефри Круз и нагласил дека ситуацијата внимателно се следи и дека „тие се подготвени доколку се случи несакано сценарио“.

Медиумот анализира дека треба да се знае дека Русија, Кина и Иран во средината на март одржаа заеднички воени вежби наречени „Поморски безбедносен појас – 2024“ во Оманскиот Залив и Арапското Море.

Прикажи повеќе...

Свет

Медведев до Швајцарија: Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците

Објавено пред

Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик на Советот за безбедност, рече дека конференцијата за прекин на огнот во Украина ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на „мировниот план“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Швајцарската влада претходно објави дека Русија во моментов не е меѓу десетиците поканети земји, додавајќи дека е отворена за нејзино учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн го најави собирот во јануари, велејќи дека го организирал на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Медведев објави денеска на Телеграм. „Која е користа за Русија од швајцарската „мировна конференција“? Придобивката е трикратна. Прво, тоа ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на таканаречениот мировен план на идиотот Зеленски.

Второ, тоа ќе стане видлив доказ за целосната немоќ на сегашните западни елити, кои извршија болна самокастрација на нивната способност да го прекинат воениот конфликт. Згора на тоа, по директна наредба на група сенилни лекари од Вашингтон.

Трето, тоа ќе им овозможи на нашите вооружени сили да продолжат да ја чистат територијата на Мала Русија од неонацистите без мешање или сметка за нечии глупави „мировни иницијативи“ и сите ние да извршиме скрупулозна работа во насока на конечниот колапс на политичкиот режим на Украина и брзото враќање на нашите оригинални територии во Руската Федерација. Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците“, напиша Медведев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ14 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија14 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион16 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија20 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија21 час

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија23 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија24 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија1 ден

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет1 ден

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа1 ден

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет1 ден

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија2 дена

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија2 дена

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија2 дена

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 дена

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија2 дена

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија2 дена

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 дена

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 дена

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...