Контакт

Политика

Богдановиќ: Груевски барал еден да му удри 5-6 шамари на Жерновски

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски, наводно во еден прислушуван разговор, бара од Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, да организира 2.000 луѓе да се соберат во Општина Центар да протестираат за изградбата на црквата во центарот на градот, а еден од нив да му удри неколку шамари на градоначалникот Андреј Жерновски пред сите.

dobivaj vesti na viber

Ова можеше да се слушне во недела во 23 `бомба` презентирана од опозицијата од наводно прислушуваните разговори.

 

„У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само“, вели машки глас, кој наводно му припажа на премиерот  Никола Груевски, во разговор со Јанакиески. Подолу во разговорот Груевски вели да молчи за ова, на никој да не кажува за Жерновски да не се подготви за ситуацијата.

 

„Велиме дека ова е борба против Никола Груевски и неговата банда. Многу е важно да ја испратам следната порака. Ова не е борба против членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е наша заедничка борба. Следните разговори ќе покажат како Груевски го злоупотребува своето членство, како го наведува на криминал и насилство. Како е подготвен на се. Да злоупотребува црква и чувства на граѓани, само за да си ги заштити плацевите на Водно и милионите од Белизе“, рече Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар, а побара Никола Груевски веднаш да поднесе оставка и државата да покрене постапка против него.

 

„Знам дека со овие разговори ќе се присетите на уништените влезови, заглавените лифтови, избушените гуми, скрешните штабови, крадењето на избирачки материјал, човечињата од Пустец. Но, денес сме тука за жал да слушнеме и уште полоши работи“, ги поздрави Богдановиќ собраните луѓе на собирот на кој во недела беше повторно објавувана како што велат опозиционерите „Вистината за Македонија“.

 

За точно една недела, центарци ќе гласаат за зачувување на автентичниот изглед на Гратскиот трговски центар, а според Богдановиќ тоа не е само референдум за ГТЦ. 26 април е референдум за слободата, референдум за демократијата, референдум против

начинот на владеење на Никола Груевски.

 

Од презентираните разговори се слуша еден од многубројните примери на кршење партиски штабови и кој всушност стоел позади нов, но и кој ги криел.

Во наводен разговор меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на кабинет на Груевски, Мартин Протугер, женскиот глас вели: „Мартин, извини, за оваа поракава што ти ја препратив, за да сме поефикасни. Дај некако на нашиве да им се каже да не се глупираат со штабовиве. Наши од УМС кршат штабови на Љубе. МП: Добро, добро. ГЈ: И сеа знаеш, јас се глупирам, викам не можеме да ги најдеме, а у Центар Даме е, знаеш, Даме Мирчевски.МП: Добро, добро“.

 

„Меѓутоа она што е најтрагичното за нас центарци, но и за цела Македонија, тое е криминалниот проект Скопје 2014. Никола Груевски наместо да се занимава со проблемите на државата, тој со моливче и гума, го црта и го брише изгледот на нашето Скопје и нашиот Центар. Ќе слушнете како самонаречениот голем патриот Груевски, со грчкиот бизнисмен Кондоминас го усогласувал изгледот на Офицерскиот дом на плоштад. Ќе слушнете како ги нарекува своите криминогени другари. И ќе сфатите дека наместо 40.000 граѓани на Центар, всушност одлучувале Али Баба и 40 разбојници од Владата. Ќе слушнете како самите Груевски и Јанакиески признаваат дека цел плоштад е нивни преку контроверзниот бизнимен Алек Теранова, кој веќе ја напушти државата. Ќе слушнете уште една потврда за тоа каков шовинист и нечовек е Никола Груевски“, вели Богдановиќ.

 

Од разговорите се слуша како наводно Груевски во разговори со Јанкиески договара преправање на ДУП за централното градско подрачје, како се договара изгледот на Офицерски дом, како се дава земјиштето за изградба на хотел Мериот и слично.

 

„ НГ: А… наводно кога, пред да се објави огласот ја сменил сликата на тоа како треба да изгледа офицерски дом и тоа до него. MJ: Како ја сменил НГ: Па нешо немало да биде исто туку слично, а не по таа слика што ни е Коста Мазгалоски шо ја напрај MJ: Не не имавме, тој беше Коста па послем ја надогради тој другиот НГ: Која, офицерски дом… И како ја напрај MJ: Ја имам сликата утре да ти ја дадам… Нели го ангажиравме дополнителнио тука тој беше сместен му плаќавме тоа НГ: И сега колку личи на офицерски дом, поише личи или помалку MJ: Па добро нели ја гледавме заеедно…“, вака оди еден разговор.

 

„На почетокот на моето обраќање, реков дека ова не е само референдум за ГТЦ. Ова е референдум и против Никола Груевски и неговото владеење. Со следниот разговор ќе ви стане јасно дека Никола Груевски е идејниот творец на барокниот изглед на ГТЦ. Тој стои позади овој луд предлог. Не се консултира јавноста, не се консултираат архитекти, граѓани, туку тој самиот лично го нарачал барокниот изглед на ГТЦ“, рече Богдановиќ.

 

Тој порача дека без разлика колку и да чини, без разлика колкава и да е жртвата, оваа битка ќе ја добијат и нема да дозволат Груевски да го уништи ГТЦ, како што до 2013 го уништуваше Центар./крај/мф 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 минути

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија42 минути

СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ. „Дали е...

Македонија49 минути

„Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот Рекет 2“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува....

Македонија1 час

Два активни пожари во државата, два се под контрола, а 29 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 час

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушкуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион3 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет4 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет4 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа4 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека „подготвува напад врз Русија“

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет11 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет12 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа15 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија15 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет17 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија17 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ20 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија21 час

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија22 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија22 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија22 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...