Македонија
Честитка од премиерот Груевски за Денот на АРМ
Премиерот Никола Груевски испрати отворено писмо до Армијата на Република Македонија (АРМ) по повод Денот на Армијата во кое се наведува дека бројните генерации на старешини, генерали и војници, се заслужни што денеска земјата располага со одлично обучена, моќна и почитувана Армија.
„Пред 18 години, на 18-ти август 1992 година, со формалното промовирање на првите единици на Армијата на Република Македонија, потврдивме дека сонот може да стане реалност. Докажавме дека идеалот е остварлив и дека Република Македонија е независна држава со сопствена Армија која што ќе биде гарант на нејзината безбедност, суверенитет и територијален интегритет“, се вели во писмото на Премиерот.Тој посочува дека Армијата е заслужна што Македонија денес е препознатлива како извор на безбедност и стабилност, не само во рамките на своите граници, туку и во регионални и светски рамки, давајќи силна поддршка во изградбата на демократијата и хуманите човечки вредности на секое место од земјината топка. „За целиот овој период, повеќе генерации се вградија во историјата на Армијата. Некои од нив го положија и највредното што го имаа – својот живот, за својата татковина, за Република Македонија. Вечно нека се памти нивниот пример, за тоа како се сака и како се брани својата земја“, вели Груевски во писмото.Премиерот ја охрабрува македонската армија да продолжи по истиот пат, со истото темпо и со истите залагања и притоа како што вели во писмото да ги води професионализмот и гордоста што ја претставуваат Република Македонија и нејзиниот меѓународен углед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

