Свет
Децата со рак пак извисија
Децата болни од рак пак извисија за лекови. Иако,најмалите пациенти цитостатиците што живот им значат требаше да ги добијат уште пред три месеци, Фондот за здравство нема абер да ја усвои новата позитивна листа на лекови.
КАВГА ЗА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА ЛЕКОВИ
Децата болни од рак пак извисија за лекови. Иако,најмалите пациенти цитостатиците што живот им значат требаше да ги добијат уште пред три месеци, Фондот за здравство нема абер да ја усвои новата позитивна листа на лекови. Семејствата и натаму ја поми
Децата болни од рак пак извисија за лекови. Иако,најмалите пациенти цитостатиците што живот им значат требаше да ги добијат уште пред три месеци, Фондот за здравство нема абер да ја усвои новата позитивна листа на лекови. Семејствата и натаму ја поминуваат истата голгота:купуваат лекови од сопствени пари, па потоа си ги враќаат од Фондот. Предлозите со кои се нови лекови, може да се третираат не само болните од рак, туку и останати групи пациенти, Министерството за здравство до Фондот ги доставила уште пред повеќе од 80 дена, но надлежните оттаму никако да дадат повратен одговор, дали таа ќе биде финансиски издржлива за државната каса.
Освен цитостатици, на новата листа се наоѓаат и лекови кои се основни во третманот на вештачкото оплодување, на бубрежно болните, на пациентите со белодробни заболувања, но и медикаменти кои се современи и треба што поскоро да го заменат застарениот начин на лекување. Така, брачните двојки кои чекаат на бебе од епрувета иако неопходниот лек требаше одамна да им биде достапен само со партиципација, тие и натаму го плаќаат од свој џеб, а без него тие не можат да го започнат потребниот третман.
Неусвојувањето на новата "бесплатна" листа лекови, тврдат експертите се должи на неажурноста на Фондот за здравство, од каде и по три месеци не знаат да кажат до каде се со економската анализа на нејзината финансиска конструкција. Доказ за тоа, потенцираат познавачите на приликите е податокот дека додадените лекови на листата, речиси во 90 проценти се од исти генерички групи како и досегашните, па оттука не треба да претставува посебен проблем да се пресмета колку пари дополнително ќе се потрошат на нив. Дотолку повеќе, додаваат експертите, што сега повеќе нема тендери за лекови, туку има референтни цени, па Фондот не треба да се грижи дека ќе дава плус пари.
Не држат, коментираат експертите, ниту кажувањата од Фондот дека Светската банка е пречка за новата листа, посебно што во Мемоарот испратен до нив, банката стои дека "пред усвојување на листата, има потреба за економска анализа за да Фондот биде сигурен дека трошозите за лекови нема драстично да се зголемат, како резулатат на новите лекови". Но, во ниту еден дел од Мемоарот Светската банка не ја блокира, не е против, ниту пак ја оспорува новата бесплатна палета лекови.
Ваквата лежерност на Фондот, била една од темите на завчерашниот состанок меѓу министерот за здравство Владо Димов и на Фондот Никола Пановски. Според неофицијални информации, меѓу нив дошло и до расправија, по што министерот му сугерирал на фондовецот веднаш да заврши целата перипетија со позитивната листа.
" На Пановски му препорачав што поскоро да помине кај нив новата листа, укажувајќи му дека спорните лекови може да се тргнат настрана и дополнително да се види нивната финансиска издржливост. Бидејќи ако вака се продолжи ќе биде на штета на останатите пациенти", вели министерот Димов.
Од Фондот за здравство пак кажуваат дека економската конструкција е обемна работа и дека може да биде готова дури и за една година.
" Се работи на анализата, но тоа е сериозен проект и се бара поопсежна анализа. Ние немаме рокови, а кога ќе завршиме треба и странски, но и домашни експерти да ја прочешлаат", изјави портпаролот на Фондот, Елизабета Белазелковска.
Светската банка никогаш не дала препорака дека новата листа треба повторно да ја проверат експерти, бидејќи таа е составена и препорачана од професори и еминентни лекари во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп: Орбан никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, попладнево ја повтори својата поддршка за унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија, само неколку часа откако германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го критикуваше унгарскиот лидер за неговите критики за неговата поддршка за Украина.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Орбан „вистински силен и моќен лидер кој има докажана евиденција за постигнување феноменални резултати“.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас ги сакам Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.
Тој, исто така, истакна дека Орбан вредно работи за да ја заштити Унгарија, да ја развие економијата, да создаде работни места, да ја промовира трговијата, да ја запре нелегалната имиграција и да обезбеди закон и ред. Трамп, исто така, се осврна на односите меѓу двете земји за време на неговото претседателствување.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан“, напиша тој.
Трамп, исто така, ја изрази својата желба да продолжи соработката „за да можат двете наши земји да продолжат да напредуваат по овој извонреден пат кон успех“.
Тој потсети дека го поддржал Орбан на изборите во 2022 година. „Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и ми е чест што го правам тоа повторно“.
„Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и комплетна поддршка за реизбор како премиер на Унгарија. Тој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија“, заклучи Трамп.
фото/епа
Свет
Трамп повторно го тужи Харвард
Администрацијата на Трамп денес поднесе нова тужба против Универзитетот Харвард, обвинувајќи го дека не се придржувал до федералната истрага и барајќи документи поврзани со неговите практики за прием на студенти.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Бостон, адвокатите на Министерството за правда на САД изјавија дека бараните документи ќе помогнат да се процени дали Харвард се придржува до пресудата на Врховниот суд на САД од 2023 година, со која програмите за прием на колеџи базирани на раса се прогласени за неуставни.
Министерството за правда соопшти дека ја поднело тужбата „единствено за да го принуди Харвард да достави документи поврзани со какво било разгледување на расата при приемот“ и „не го обвинува Харвард за какво било дискриминаторско однесување, ниту бара парична отштета или укинување на федералното финансирање“.
Трамп, претходно овој месец изјави дека неговата администрација бара 1 милијарда долари од Харвард за решавање на истрагите за политиките на универзитетот, откако новинските извештаи објавија дека Трамп се откажал од барањето за исплата од престижниот универзитет.
Харвард е во фокусот на широката кампања на администрацијата за користење на федерално финансирање за да се поттикнат промени на американските универзитети, за кои Трамп вели дека се погодени од антисемитски и „радикално левичарски“ идеологии.
Администрацијата откажа стотици грантови доделени на истражувачи од Харвард врз основа на тоа што универзитетот не направил доволно за да го спречи вознемирувањето на еврејските студенти на својот кампус, што го натера Харвард да поднесе тужба.
фото/Depositphotos

