Македонија
Детали за мрежата Кокино
Детали за мрежата од девет големи светилишта поврзани со Мегалитската опсерваторија Кокино откриени на територијата на Македонија
Детали за мрежата од девет големи светилишта поврзани со Мегалитската опсерваторија Кокино откриени на територијата на Македонија, ќе бидат соопштени денеска во Скопје.Покрај Кокино како древна опсерваторија и големо светилиште во мрежата директно се вклучени уште девет големи регионални светилишта лоцирани во североисточна Македонија како и две локални светилишта, сите изградени и користени во времето кога била изградена и користена Мегалитската опсерваторија Кокино.За значењето на овие откритија за Македонија, како и за целиот медитерански простор, на прес конференцијата ќе говори Ѓоре Ценев раководител на истражувањата.Тој го предводеше истражувачкиот тим на Планетариумот при Младинскиот културен центар во рамки на проектот „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите слични локалитети на територијата на Македонија” финансиран од Министерството за култура. /крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

