Македонија
Канческа-Милевска на Форумот на словенски култури
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во Цетиње, Република Црна Гора, присуствува на состанокот на министри за култура на земјите-членки на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“.
На состанокот Канческа-Милевска, која е претседател на Управниот одбор на Форумот чија цел е соработка и зближување на културата на словенските народи, со своите колеги ќе разговара за активностите реализирани годинава со поддршка на Форумот, како и за плановите и проектите со кои идната година ќе се одбележи 10-годишното постоење на оваа значајна меѓународна фондација.
Република Македонија е една од земјите-основачи на Форумот на словенските култури, која континуирано и активно учествува во спроведувањето на повеќе проекти, меѓу кои: „100 словенски романи“, традиционалното одбележување на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во седиштето на УНЕСКО, реализацијата на многубројни семинари од областа на музејската дејност и др.
Во рамките на Форумот, министерката за култура ќе ја отвори патувачката изложба „Историјата на словенските престолнини низ државните архиви“ на која преку фотографии и пишани документи се претставени 13 главни градови на словенските земји.
По повод одбележувањето на 200-годишнината од раѓањето на големиот поет, државник и црногорски владика, Петар Петровиќ-Његош, учесниците на форумот во Националната библиотека „Ѓурѓе Црнојевиќ“ ќе донираат дела од едицијата „100 словенски романи“, проект во кој партиципира и Република Македонија. Исто така, оваа библиотека ќе биде збогатена и со антологии од македонски писатели преведени на англиски јазик./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

