Свет
Мулен бара прецизна одлука за повлекувањето на војниците од Ирак
Началникот на здружениот генералштаб на армијата на САД на заминување, адмиралот Мајкл Мулен побара побрзо решавање на статусот на американските сили во Ирак.
Началникот на здружениот генералштаб на армијата на САД на заминување, адмиралот Мајкл Мулен побара побрзо решавање на статусот на американските сили во Ирак.Ирак мора да одлучи дали сака американските војници да останат во земјата или да ја напуштат оваа блискоисточна земја, почнувајќи од декември 2011 година, смета адмиралот Мајкл Мулен предупредувајќи дека секое одложување претставува закана за безбедното и непречено повлекување на војниците, пренесува Associated Press. Исто така, Мулен рекол и дека САД мора да одлучат дали сакаат или не да ги остават своите војници на ирачка почва и по истекот на 2011 година. „Сега е времето. Мораме да знаеме. Сега навистина ни е потребна таквата одлука“, рече Мулен, кој пристигна во градот Мосул, во северниот дел на Ирак, по дводневната посета на Авганистан. Мулен се сретна со ирачкиот премиер Нури ал-Малики, кој во неколку наврати побара од САД да се придржува до рокот за повлекување на своите војници од земјата.САД во Ирак имаат уште 47 илјади војници, кои треба да се повлечат до крајот на годината врз основа на договорот од ноември 2008 година, што го потпишаа Вашингтон и Багдад. САД извршија инвазија врз Ирак во 2003 година поради уништување на оружјето за масовно уништување со коешто наводно располагаше армијата на ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Досега докази за постоење на ваквото оружје не се пронајдени. Исто така, меѓународната воена коалиција предводена од САД во Ирак се судри со радикалните исламистички групи кои тесно се поврзани со глобалната терористичка организација Ал Каеда.Според британската анкетна групација Opinion Research Business, за овие години на војна во Ирак, загинале повеќе од милион Ирачани./крај/ро/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија со Северна Кореја по лансирањето на балистичка ракета; „Тоа е нивно право“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија ги поздравува само оние мировни иницијативи на Корејскиот Полуостров што ги задоволуваат интересите на Северна Кореја.
„Во однос на сите мировни иницијативи на полуостровот, Русија ги поздравува само оние чекори кон нормализација на ситуацијата што целосно ги задоволуваат интересите на Демократска Народна Република Кореја“, рече Песков на прес-конференција, објави „РИА новости“.
Зборувајќи за лансирањето на балистичка ракета од страна на Северна Кореја, Песков истакна дека Русија го почитува легитимното право на Пјонгјанг да ја обезбеди сопствената безбедност.
„Го почитуваме легитимното право на нашите пријатели во ДНРК да ја осигурат својата безбедност и преземаме потребни мерки за тоа“, рече Песков.
Јужнокорејската војска претходно денес објави дека открила неидентификувана балистичка ракета лансирана кон Јапонското Море од областа Тегван во севернокорејската покраина Северен Пјонган околу 12.35 часот по локално време.
„Јонхап“ потсетува дека лансирањето се случи само еден ден откако Пјонгјанг ги осуди најновите санкции на САД против осум севернокорејски лица и два субјекта за перење пари поврзани со киберкриминал.
Во меѓувреме, јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека Северна Кореја утрово лансирала балистичка ракета што паднала во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија. Како што е наведено, досега не е пријавена штета на авиони или бродови, пренесува „Кјодо“. Такаичи во Токио изјави дека им наредила на надлежните владини агенции бргу да ги достават потребните информации до јавноста и да обезбедат безбедност во целата земја.
Фото: принтскрин
Свет
Париз почнува лотарија за места за погребување меѓу познати уметници
Дали би сакале да бидете погребани меѓу имиња како Џим Морисон, Оскар Вајлд и Едит Пјаф? На парижаните им се нуди можност да освојат место за погреб во друштво на некои од легендарните уметници.
Градот Париз почна лотарија за реставрација на надгробни споменици во преполните гробишта „Пер Лашез“, „Монпарнас“ и „Монмартр“. Десет надгробни споменици на кои им е потребна поправка се нудат на овие гробишта за 4.000 евра за парче под услов купувачите да ги реставрираат и да купат место за погребување до нив.
Програмата претставува компромис помеѓу почитувањето на починатите и давањето можност на жителите да бидат погребани во градот, соопшти градскиот Совет на Париз.
Во моментот има многу малку места за погребување достапни на гробиштата во рамките на градот, а гробиштата се претежно полни од почетокот на 20 век, додаде Советот. Одржувањето на надгробните споменици и на спомениците на гробиштата во Париз е одговорност на семејствата, а не на Градот. Поради ова, некои гробови со текот на времето станаа напуштени и дотраени. Сепак, отстранувањето на напуштените споменици може да биде тешко бидејќи гробиштата се класифицирани како заштитени места на културното наследство.
Градот се надева дека оваа нова програма, која градскиот Совет едногласно ја одобри во април, ќе помогне во обновувањето на спомениците во познатите гробишта, кои исто така станаа популарни туристички дестинации, објавува Би-би-си.
Фото: принтскрин
Свет
Захарова: Младите Украинци бегаат, не сакаат да бидат топовско месо
Младите луѓе во Украина масовно ја напуштаат земјата по повторното отворање на границите кон крајот на август, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа додаде дека во Берлин се сè помалку задоволни од ова и размислуваат за намалување на плаќањата.
„Но им ветивте на Украинците светла иднина, а потоа плаќајте им ги парите“, нареди Захарова, пренесува „Спутник“.
Како што изјави таа, ова не е изненадувачки бидејќи, според официјалната статистика, во Германија има приближно 1,26 милион украински бегалци, а само минатата година им биле исплатени 6,3 милијарди евра социјална помош од џебовите на германските граѓани.
Според западните медиуми, приближно 150.000 млади луѓе ја напуштиле Украина.
„На потенцијалните регрути им е јасно дека немаат шанси да останат на украинскиот пазар на трудот и дека режимот им ја обезбедил само улогата на топовско месо во име на зачувување на сопствената диктатура“, изјави таа и додаде дека украинските власти повторно размислуваат за затворање на границата во блиска иднина.
Фото: принтскрин

