Свет
Осудени крадците на таблата од Аушвиц

Судот во полскиот град Краков ги осуди денеска на година ипол до две години казна затвор тројцата криминалци кои ги украдоа таблите од Аушвиц.
Судот во полскиот град Краков ги осуди денеска на година ипол до две години казна затвор тројцата криминалци кои ги украдоа таблите од Аушвиц.
На 18 декември минатата година , по нарачка на Шведска, беше украдена озлогласената табла на која пишува „Работата ослободува” (Arbeit macht frei) од главниот влез на поранешниот нацистички логор Аушвиц.
Според информациите од полицијата, кражбата ја нарачал Швеѓанецот Андерс Хегстрем, поранешен водач на една шведска неонацистичка група, пренесува радио Слободна Европа.
Шведскиот суд на 11 март одлучи Хегстрем да го испорача во Полска, но неговите адвокати поднесоа жалба на таквата одлука.
Знакот, направен од затвореник, бил поставен од нацистите откако бараките во Аушвиц биле претворени во логор за да се сместат припадници на Полското движење на отпорот во 1940 година.
Аушвиц подоцна се претвора во огромен логор на смртта откако нацистите гo срамнија околното село Брзезинка-Биркенау во Германија и беше локација каде што беа убиени повеќе од 1,1 милион луѓе, главно, Евреи за време на Втората светска војна.
Оние што го негираат холокаустот и во минатото за своја цел го имаа концентрациониот логор, крадејќи земја и други артефакти во обид да демонстрираат дека систематското убиство на Евреите е преувеличено./крај/фн/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, а во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да почнат преговорите.
Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.
Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.
Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.
Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.
Американскиот претседател моментно е на турнеја на Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.
Регион
Конститутивната седница на собранието на Косово одложена 16. пат

Конститутивната седница на собранието на Косово денес беше одложена шеснаесетти пат откога повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на собранието.
55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање комисија, која ќе го надгледува тајното гласање.
Седницата е закажана да продолжи в сабота, 17 мај, во 10.30 часот.
Самоопределување исто така побара тајно гласање за претседател на собранието на последните шест седници, но опозициските Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, како и Српската листа, се против тоа одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.
Кандидат на Самоопределување за претседател на собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, а за избор на претседател на собранието се потребни 61 глас.
Поради неможноста за конституирање на собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.
Конститутивната седница почна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.
Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово – 24, Демократската лига на Косово – 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата „Нисма“ – 8, Српската листа – 9, Партијата за слобода, правда и опстанок – 1, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.
Свет
Зеленски: Нивото на составот на руската делегација е декоративно

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган додека се очекува руските и украинските претставници да почнат мировни преговори одделно во Истанбул.
По пристигнувањето, Зеленски им рече на новинарите дека Украина ќе одлучи за следните чекори во преговорите со Русија по средбата со турскиот претседател, пренесува „Ројтерс“.
Во таа пригода тој го оцени нивото на состав на руската делегација испратена во Турција на разговори како декоративно.
Украинскиот претседател треба да се сретне со Ердоган во 12 часот, јавува „Ројтерс“.
Зеленски исто така рече дека,. пред сè, сака да му се заблагодари на Ердоган за организирањето на оваа средба, „за можноста за директни разговори во Анкара“.
За денес во Истанбул се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина за прекин на огнот за кои не е прецизирано кога ќе почнат, а кои беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува „Танјуг“.
Иако во медиумите имаше шпекулации дека можеби Путин лично ќе присуствува на преговорите, тој доцна синоќа објави дека во руската делегација ќе учествуваат помошници и заменик-министри, а ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.