Свет
Американскиот носач вплови во Персискиот залив без инцидент
Американскиот носач на авиони УСС „Абрахам Линколн“ во неделата без инциденти минал низ Ормушкиот теснец и впловил во Персискиот залива, ден откако Иран ја повлече својата закана дека ќе преземе акција
Американскиот носач на авиони УСС „Абрахам Линколн“ во неделата без инциденти минал низ Ормушкиот теснец и впловил во Персискиот залива, ден откако Иран ја повлече својата закана дека ќе преземе акција доколку американскиот носач се врати во овој стратешки важен морски премин, известуваат светските агенции.Носачот на авиони на американската воена морнарица „Абрахам Линколн“ ја довршил „редовната и рутинска“ мисија и минувањето низ Ормушкиот теснец, клучната траса за извоз на нафтата од регионот, „како што претходно беше планирано и без инциденти“, изјави поручникот Ребека Ребарич, портпаролка на американската Петта флота стационирана во Бахреин. Носачот со придружната борбена група бродови, е првиот американски носач на авиони кој мина низ Персискиот залива од крајот на декември во рамките на редовната ротација со којашто го замени носачот УСС „Џон Стенис“.Заминувањето на „Стенис“ го натера командантот на иранската армија Атолах Салехи да се закани со акција доколку американскиот носач се врати во Заливот.„Препорачувам и истакнувам да се американскиот носач не треба да се враќа во Персискиот залив.. а ние немаме навика да предупредуваме повеќе од еднаш“, изјави тогаш Салехи, по што се заостри реториката меѓу двете страни и ги разбранува нафтените бранови со раст, поради евентуален оружени инциденти меѓу Иран и САД. Иран се закани со затворањето на Ормушкиот теснец, преку кој минува петина од светската нафта којашто се превезува со танкери, додека Вашингтон возврати дека таквиот потег изискува и американски одговор. Иран во саботата се откажа од своите закани, кога заменикот командант на Гардата на чуварите на еволуцијата, Хосеин Салами за иранската државна агенција IRNA изјави дека враќањето на американските воени проблеми во Заливот е рутинска работа. И дека тоа не претставува зголемување на постојаната воена присутност на САД во регионот. „Американските воени бродови и војската се присутни во Персискиот залив и на Блискиот исток многу години и нивната одлука да упатат нови бродови треба да се толкува како дел од нивната постојана присутност“, изјави Салами. Претставници на Пентагон одбија директно да ги коментираат изјавите на Салами, но повторија дека продолжувањето ан военото присуство на САД, во регионот ја одразува сериозноста со којашто Вашингтон ги презема безбедносните обврски во однос на партнерските земји во регионот и обезбедувањето на слободниот тек на меѓународната трговија. Американскиот министер за одбрана Лион Панета во неделата изјави дека носачот УСС „Ентерпрајс“ тргнува кон регионот на Персискиот залив, како и дека ќе мине низ Ормушкиот теснец што беше директна порака за Техеран, кој претходно се закани со неговото затворање. „Тоа е токму она за што овој носач постои. Тоа е причината за задржување на присутност ан Блискиот исток Сакаме да знаат дека во целост сме подготвени да решаваме каква и да е ситуација и дека за нив е подобро со нас да се обидат да се носат со дипломатија“, изјави Панета во обраќањето пред 1.700 морнари на палубата на овој најстар американски носач на авиони.Американскиот министер за одбрана, исто така, нагласи дека САД имаат намера да ја задржат флотата од 11 носачи на авиони, и покрај буџетските притисоци, делумно и за да ја задржи поморската надмоќ против Иран.На изјавата на Панета во САД и’ беше даден голем публицитет, бидејќи имаше нагаѓања дека буџетските притисоци би можеле да го принудат Пентагон да го намали бројот на носачи на авиони можеби на десет, бидејќи неговиот претходник Роберт Гејтс исто така го отвори прашањето за оправданоста од задржување на сите 11 носачи. Меѓутоа, Конгресот на изрази силна поддршка за сегашната флота на американските носачи на авиони, донесувајќи закон со кој од министерството за одбрана се бара да ги задржи сите 11 пловила./крај/хи/мф.сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

