Надворешна политика
Јолевски – Бергманис: Унапредување на соработката во одбраната меѓу Македонија и Латвија
Евроатлантските интеграции на Македонија, унапредувањето на билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, како и споделувањето на искуствата во меѓународните мировни мисии беа дел од темите на разговорите кои во средата во Рига ги имаа министерот за одбрана, Зоран Јолевски и неговиот домаќин, министерот за одбрана на Латвија, Рејмондс Бергманис.
Евроатлантските интеграции на Македонија, унапредувањето на билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, како и споделувањето на искуствата во меѓународните мировни мисии беа дел од темите на разговорите кои во средата во Рига ги имаа министерот за одбрана, Зоран Јолевски и неговиот домаќин, министерот за одбрана на Латвија, Рејмондс Бергманис.
Јолевски рече дека Македонија и Латвија имаат многу заеднички нешта и истите потребно е да се искористат за унапредување на соработката, како во делот на образованието, обуката на припадниците на двете армии, така и во делот на споделување на искуствата од досегашното учество во мировните мисии.
Министерот Јолевски додаде дека соработката меѓу двете земји особено добива на интензитет и мора да се напомене дека денешната средба е резултат на средбата која се одржа во Македонија при посетата на сегашниот претседател на Латвија, Рејмондс Вејонис, тогашен министер за одбрана.
„Македонија и Латвија имаат искрени меѓусебни односи, поткрепени со континуирана соработка во полето на одбраната. Латвија се залага за политиката на отворени врати на НАТО и целосно ја поддржува Македонија за полноправно членство во Алијансата“ истакна министерот Бергманис.
Тој ги поздрави и постигнатите одбранбени реформи, учеството на Армијата во мировните мисии и високиот квалитет и професионализам кои го поседуваат припадниците на Армијата на Република Македонија.
Во текот на денешниот разговор на кој беше присутен и началникот на Генералштабот на Воените сили на Латвија, генерал полковник Рејмондс Граубе, се дискутираше за искористување на капацитетите од страна на Латвиските одбранбени сили, со кои располага нашето министерство како што се Центарот за обука на пилоти, Регионалниот Центар за односи со јавност, Воената академија.
За време на посетата министерот Јолевски оствари средба и со државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Андрејс Пилдеговичс, каде побара отворена поддршка за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.
Во четврток министерот Јолевски ќе оствари средби и со претседателот на Комитетот за одбрана, внатрешни работи и превенција од корупција во Парламентот на Република Латвија, Аинарс Латковскис, со Директорот на Центарот за стратегиски комуникации, Јанис Сартс. Дополнително ќе ја посети и Воената база Адажи, каде ќе има можност да се запознае со нивниот медицински центар и останатите капацитети на оваа база./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.