Свет
Повеќе од 300 илјади загинати на Хаити?

Бројката загинати во разорниот земјотрес 12-ти јануари, може да достигне до 300 илјади, изјави во понеделник претседателот Рене Превал
„Досега се закопани повеќе од 200 илјади жртви, несметајќи ги оние кои се’ уште се наоѓаат под урнатините. Бројката загинати може да достигне и од 300 илјади“, изјавил хаитскиот претседател Рене Превал на состанокот на претседателите на јужноамериканските и карипските држави во мексиканското одморалиште Плаја дел Кармен. Трошоците за обновување на и онака сиромашните Хаити разорени од катастрофалниот земјотрес од минатиот месец, може да достигнат до 14 милијарди долари.Во потресот со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер од 12-ти јануари и во серијата помали земјотреси, уништени се околу 250 илјади куќи, а милион иполовина луѓе живеат во привремени шаторски населби. Помошта на Хаити ќе биде главна тема на разговорите на регионалниот самит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија започнува масовно производство на напредни дронови-пресретнувачи за Украина

Обединетото Кралство ќе започне масовно производство на напредни дронови-пресретнувачи за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руските воздушни напади, пишува Скај њуз.
Дроновите, кои беа развиени од Украина со поддршка на британски научници, се опишани од Министерството за одбрана (МО) како многу ефикасни во уништувањето на самоубиствените дронови што Москва постојано ги испраќа во украинските градови.
Велика Британија соопшти дека размислува за проширување на својата поддршка за понатамошно зајакнување на воздушната одбрана на Полска.
Министерот за одбрана Џон Хили треба да открие повеќе детали за новиот проект за дронови денес на трговски саем во Лондон. Ова е првата иницијатива во рамките на договорот за размена на технологии со Киев, објавува Скај њуз.
Британскиот премиер Кир Стармер го нарече заедничкиот проект „пресвртница“ и рече дека Велика Британија ќе продолжи да ја зголемува поддршката за Украина заедно со своите сојузници. Според Министерството за одбрана, новите беспилотни летала веќе се покажаа ефикасни против иранските беспилотни летала „Шахед“ што ги користи Русија и се значително поевтини за производство од традиционалните ракети за воздушна одбрана.
Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски започнаа заедничко индустриско партнерство меѓу Велика Британија и Украина претходно ова лето. Договорот беше проширен минатата недела во Киев, каде што министерот за одбрана на Велика Британија потпиша договор за заеднички развој и споделување на интелектуална сопственост.
„Овој договор е прв од ваков вид, што ѝ дава на британската индустрија невиден пристап до најновата воена технологија, помагајќи ѝ на Украина да се одбрани од нелегалната инвазија на Путин и демонстрирајќи како одбраната може да биде двигател на економскиот раст додека ја спроведуваме нашата Агенда за промени“, рече Хили.
Според Скај њуз, Хили вчера разговараше со претставници за одбрана од Полска, Италија, Франција и Германија и го осуди „неодговорното“ руско кршење на полскиот воздушен простор. Тој додаде дека им наложил на британските вооружени сили да разгледаат опции за зајакнување на воздушната одбрана на НАТО над Полска.
Фото: принтскрин
Свет
Полска воведе ограничувања за воздушниот сообраќај на истокот на земјата

Полска воведе ограничувања на воздушниот сообраќај долж своите источни граници со Белорусија и Украина, соопшти денеска Оперативната команда на вооружените сили, пренесе Ројтерс.
Полска вчера наутро, со поддршка на сојузнички авиони на НАТО, собори руски дронови во својот воздушен простор – прв познат случај членка на НАТО да отвори оган за време на војната на Русија против Украина.
„На барање на Оперативната команда на вооружените сили, ограничувањата на воздушниот сообраќај ќе бидат воведени во источниот дел на Полска во форма на зона со ограничувања EP R129“, соопшти Полската агенција за управување со воздушниот сообраќај во изјава објавена доцна синоќа.
Ограничувањата стапија во сила на полноќ и ќе важат до 9 декември. Од зајдисонце до изгрејсонце, летовите во ограничената зона се забранети, освен за екипирани авиони кои летаат според летен план, имаат активни транспондери и одржуваат двонасочна комуникација со надлежните воздушни власти.
Исклучоци важат за воени летови и одредени специјални летови со посебни ознаки. „Од зајдисонце до изгрејсонце важи целосна забрана на летови, освен за воени авиони. Во зоната EP R129, 24-часовна забрана за летови се применува на цивилни беспилотни летала“, соопшти агенцијата.
Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека неговите дронови извеле голем напад врз воени објекти во западна Украина, но дека не било планирано гаѓање цели во Полска.
Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави Волстрит журнал, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот, по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува Ројтерс.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за покренување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдачен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.