Македонија
Отежнат сообраќајот низ државата
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови, пo влажни и лизгави коловози, и со големи остатоци од снег на коловозите, информираа од АМСМ.
Поради врнежите од снег, има забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци: Гостивар – Стража – Кичево, Гостивар – Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, Охрид – Буково – Ресен, Битола – Ѓавато – Ресен, Росоман – Плетвар – Прилеп, Кичево – Македонски Брод – Прилеп.
Од АМСМ до сите возачите препорачуваат исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муртезани на средба со Мати Масикас „Продлабочена соработка со ЕУ во процесот на интеграција“
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS).
На средбата беше истакната важноста на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата. Двете страни разговараа за актуелните предизвици во регионот и пошироко, зајакнувањето на институционалната соработка и спроведувањето на европската агенда.
Министерот Муртезани ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон реформите и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека земјата останува конструктивен партнер во процесот на пристапување. Извршниот директор Масикас ја потврди поддршката на EEAS за Северна Македонија и ја нагласи важноста на продлабочената соработка во клучните области поврзани со европската интеграција.
Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање.
Во рамките на државниот настан свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и делегација на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, претставници на политички партии и граѓански здруженија и претставници на дипломатскиот кор.
По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев панихида служеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан.
Македонија
(Видео) Филипче: Полицаец пред секое училиште и заострување на казните во сообраќајот, СДСМ подготвува законски измени
СДСМ ќе предложи законски решенија за поголема безбедност пред училиштата и во сообраќајот, најави претседателот на оваа партија, Венко Филипче.
„Сметам дека е добро што ќе има јавна расправа во Собранието. Ние како партија во текот на изминатите денови припремавме предлог законски измени и решенија и ќе ги презентираме на таа јавна расправа. Два конкретни предлози имаме како партија прво да има присутен полицаец пред и во секое училиште за време на одвивањето на наставата и тој полицаец би се грижел за безбедноста на влезот во училиштето и на пешачките премини и секако за безбедноста на училиштето гледајќи што се случува со некои инциденти во регионот“.
Вториот предлог како што рече ќе се однесува на заострување на казните во сообраќајот.
„Заострување за казните за најтешките прекршоци во сообраќајот коишто дури ќе вклучуваат и одземање на возилото и тоа е по примерот на некои европски земји“, нагласи Филипче.