Свет
Нападната државната палата во Сомалија, 14 мртви

Најмалку 14 цивили Сомалијци, се убиени синоќа во главниот град Могадишу при силен напад на претседателската палата, од страна на радикалните исламски сомалиски сили
Исламисти синоќа ја нападнаа Вила Сомалија (претседателската палата), како и неколку позиции на владините сили со тешко оружје – мини, митралези и проектили.Со неколку прекини во текот на ноќта бомбардирањата продолжија и изутрината. Војници од мировните сили на Африканската унија им се придружија како поддршка на владините сили. „Нашите борци нападнаа неколку зони, контролирани од војниците на владата. Убија десетици непријатели и ја презедоа контролата на нивните позиции во текот на ноќта“, рече на прес-конференција портпаролот на Шехаб шеик Али Мохамуд Паре.Ал-Шабаб кој е во сојузништво со друга исламистичка група Хизбул Искам, се борат против прозападната сомалиската влада која е поддржана од повеќе од пет илјади мировници од Уганда и од Бурунди. Бунтовниците потврдиле дека во борбите загинале двајца нивни борци, но дека заземале дел од преградието.Владата на Шеик Шариф Ахмед, поддржана од Западот, се бори со исламистите и со екстремистичката група Шабаб, што Вашингтон ја обвинува за продолжена рака на Ал-Каеда во земајта на Рогот на Африка.Странските аналитичари сметаат дека Сомалија која е практично во безвластие последните 18 години, може да биде добар терен за Ал Каеда да ги пресели своите бази и логори за обука како што се случи во 1990-та со Авганистан. САД ја обвинуваат организацијата Ал Шабаб дека е поврзана со терористичката мрежа на Ал Каеда, но нејзините лидери тоа го одрекуваат.Аденскиот залив исто така е место на кое царуваат сомалиските пирати кои десетици бродови киднапираа и бараа високи откупи за нив, па Водат жестоки улични борби меѓу бунтовниците и владините сили, а од пред две и пол години загинаа десетици илјади лица.Убрие и колегата беа киднапирани од хотел во Могадиш, од страна на припадници на бунтовничките групи Ал Шабаб и Хезбул исламија. Тие престојуваа во Сомалија во обезбедувањето на возовите на владините сили. Тогаш киднаперите изјавија дека ќе им биде судено според исламските закони за шпионирање и за наводен заговор против исламот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка.
Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија.
Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за користење на руските средства како гаранција, без директно задирање во нив.
Свет
Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Американска истражна агенција утврди дека подморницата „Титан“ на компанијата „Оушенгејт“, која имплодира за време на нуркањето кај остатоците на бродот „Титаник“ во јуни 2023 година, беше уништена поради низа сериозни недостатоци во дизајнот и тестирањето, објави Би-би-си.
Во несреќата загинаа сите пет лица на бродот, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш.
Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ), процесот на инженерскиот развој на „Титан“ бил несоодветен, што довело до грешки што предизвикале подморницата да не ги исполни стандардите за цврстина и издржливост.
Националниот одбор за безбедност на сообраќајот тврди дека „Оушенгејт“ никогаш правилно не го тестирал „Титан“ и затоа не знаел колку всушност е силна подморницата. Покрај тоа, компанијата не била свесна дека бродот е оштетен и требало да биде повлечен од употреба пред фаталното нуркање.
„Титан“ исчезна во Северен Атлантик додека се обидувал да стигне до остатоците од „Титаник“, кои се наоѓаат на речиси 600 километри од канадскиот град Сент Џонс во покраината Њуфаундленд и Лабрадор.
Во август 2024 година крајбрежната стража на САД издаде посебен извештај во кој ја опишува несреќата како да можела целосно да биде спрачена и ја критикува „Оушенгејт“ за „сериозно погрешни безбедносни практики“.
Подморницата на своето последно патување ја управувал Стоктон Раш, а бил придружуван од познатиот истражувач на длабокоморските дна, Пол-Анри Наргеолет, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот бизнисмен, Шахзада Давуд, и неговиот 19-годишен син, Сулејман Давуд.
Сите платиле до 250.000 долари за да учествуваат во експедицијата.
За време на истрагата, НТСБ откри сериозни проблеми во безбедносната култура на „Оушенгејт“. Додека некои вработени тврдеа дека безбедноста е приоритет, други, вклучувајќи го и поранешниот директор за поморски операции и еден техничар, опишаа работна средина „во која безбедноста, а особено прашањата за дизајнот, систематски се игнорираат“.
Еден техничар рече дека имал забелешки на деловниот модел на „Оушенгејт“, особено на практиката патниците да се нарекуваат специјалисти за мисија за да се избегнат законски ограничувања. Според американските прописи, нелегално е да се превезуваат патници на експериментални подморници.
Техничарот рече дека го предупредил Раш велејќи: „Не можете само да ја смените титулата на некого ако сте платени за тоа“. Во подоцнежен разговор за истото прашање Раш наводно му рекол: „Ако крајбрежната стража стане проблем, ќе купам конгресмен и ќе го решам“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“.
На снимката објавена од финансиската полиција човекот е снимен како внимателно избира овошје и зеленчук на пазарот. Дома е снимен како врши градинарски активности, вклучувајќи кастрење и полевање растенија. Сите овие задачи ги извршувал со целосна леснотија, иако официјално бил регистриран како 100 % инвалид поради слепило.
Жителот на Монтекио Маџоре е обвинет за сериозна измама против државата.
Според обвинението, човекот незаконски примал бенефиции и надоместоци наменети за слепи лица повеќе од педесет години, со што стекнал незаконска бенефиција од повеќе од еден милион евра. Истрагата е поведена по вкрстена проверка на податоците на корисниците на социјално осигурување, а членовите на финансиската полиција од Арзињано поминале повеќе од два месеца следејќи го. Утврдено е дека тој почнал да прима пензија и надомест за придружба уште во 1972 година по наводна несреќа на работа.
#GdiF #Vicenza Denunciato un falso invalido per truffa ai danni dello Stato, avendo percepito indebitamente, per più di 50 anni, indennità e sussidi per un importo superiore al milione di euro.#NoiconVoi pic.twitter.com/DvqBzrir2l
— Guardia di Finanza (@GDF) October 13, 2025
Старецот е снимен како извршува голем број секојдневни задачи, без ничија помош, вклучително и користење опасни алатки, како што се ножици за кастрење и тримери за жива ограда. Тој исто така редовно одел сам на градскиот пазар избирајќи продукти и плаќајќи во готово од сопствениот паричник.
Врз основа на цврсти докази, поткрепени со сведочење на експерти, судската власт во Виченца поднесе обвинение против лажно слепиот човек. Финансиската полиција ги извести надлежните институции сите бенефиции веднаш да му бидат суспендирани. Даночната ревизија утврди нелегален приход од над 200 илјади евра во последните пет години, период за кој може да се направи процена, и е предложено да се конфискува овој износ.
„Оваа операција сведочи за континуираната посветеност на Финансиската полиција во борбата против измамите во секторот за социјална помош и пензиско осигурување. Јавните средства наменети за поддршка на најранливите и навистина сиромашните социјални групи неправедно се одземаат“, соопшти Покраинската команда на Финансиската полиција во Виченца.
фото: принтскрин