Македонија
Објавен конкурс за стипендии за студии во Грција и Русија и за летна школа во Унгарија

Студентите кои се заинтересирани своето образование да го продолжат надвор од земјава имаат нова можност, односно да се стекнат со право на стипендии за студирање во Грција или Русија, соопштуваат од Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Од таму информираат дека државната фондација за стипендии од Грција (State Scholarships Foundation I.K.Y) доделува 20 стипендии за докторски и постдокторски истражувања во Грција, додека пак Рускиот државен универзитет од Санкт Петербург (СПБГУ) доделува стипендии за редовни додипломски, постдипломски или докторски студии за академската 2014/2015 година.
„Студентите имаат можност да се пријават и за целосна стипендија за учество на Унгарскиот карпатски летен факултет, кој го организира Факултетот за науки Еотвош Лоранд (ЕЛТЕ),од 8 до 13 јули 2014 година. Летниот факултет е организиран во четири различни модули, и тоа: Правни науки – одговорност и санкции; Природни науки – знаењето го носи светот напред; Хумани науки – заеднички множества; Информатика – авантури во светот на мобилните телефони”, се вели во соопштението од МОН.
Од таму истакнуваат дека крајниот рок за пријавување за стипендиите во Русија и летната школа во Унгарија е 15 јуни 2014 година, додека пак електронските пријави за студиските стипендии во Грција треба да се достават најдоцна до 16 јуни 2014 година.
Сите дополнителни информации во врска со процесот на пријавување, условите и потребните документи за секоја од наведените стипендии може да се најдат во Конкурсите, објавени на порталот за стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.
Македонија
Поради пожар во Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
956 сообраќајни прекршоци вчера во државата, 725 возеле побргу од дозволеното

Во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 956 издадени платни налози повеќе од половината, односно 725 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 26 прекршоци за неправилно паркирање, 66 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 25 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле 17 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 23 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, седум возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а три заради техничка неисправност.
Инаку, следствено податоците од неделниот пресек од реализираните сообраќајни контроли на патиштата низ државата во периодот од 18.08.2025 до 24.08.2025 регистрирани се вкупно 4.806 платни налози најмногу издадени по основ на непочитување на брзината на движење 1.816, потоа за непрописно паркирање 1.023 прекршоци, како и 530 платни налози за возачи кои возеле без возачка дозвола. Покрај ова 207 мотоциклисти биле санкционирани заради неносење на заштитен шлем, изречени се 211 мерки за некористење на сигурносен појас, 122 санкции за возачи за користење на мобилен телефон.
Воедно евидентирани се 28 прекршоци за возачи на електричен тротинет како и за исто толку пешаци додека пак 63 возачи се санкционирани за управување на возило под дејство на алкохол и уште 21 заради минување на црвено светло. По основ на Законот за возила откриени се 86 возила кои што биле нерегистрирани а учествувале во сообраќајот како и 33 технички неисправни возила“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.