Спорт
Гдањск незадоволен од ждрепката за ЕУРО 2012
Градоначалникот на полскиот град Гдањск изрази незадоволство од ждрепката за Европското првенство кое следното лето ќе се одржи во Полска и Украина.
Градоначалникот на полскиот град Гдањск изрази незадоволство од ждрепката за Европското првенство кое следното лето ќе се одржи во Полска и Украина. Мациеј Лисицки, првиот човек на Гдањск, е разочаран што неговиот град ќе ги нагости репрезентациите од Ц групата: Шпанија, Италија, Хрватска и Република Ирска. „Разочарани сме. Ние се надевавме дека ќе добиеме поинаква група. Репрезентациите кои ќе играат во Гдањск нема да привлечат број на навивачи кои би дошле да ги гледаат Холандија, Германија, Англија, Данска или Шведска. Доколку една од овие репрезентации играше овде можеби навивачите ќе беа позадоволни“, рече Лисицки.Според него граѓаните, од најголемиот спортски настан во поновата историја во неговата земја, нема да можат да профитираат, пред се, бидејќи Ирците и Италијанците се погодени од економската криза. Расположението на Лисицки може да порасне во четвртфиналето, Гдањск ќе биде домаќин на натпреварот помеѓу првопласираната репрезентација од Б групата (Холандија, Данска, Германија и Португалија) и второпласираната селекција од А групата (Полска, Русија, Грција и Чешка). крај/index.hr/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Во постојан контакт сум со Михаел Шумахер“
Жан Тод, поранешен шеф на Ферари, вели дека е во постојан контакт со Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион.
Славниот Германец пред 11 години падна на скијање во француските Алпи, доживеа тешка повреда на главата и оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија.
„Јас сум во редовен контакт со Мајкл и неговото семејство. Тие се дел од мојот живот. Семејството избра да не зборува за неговата состојба и јас го почитувам тоа“, истакна Тод.
Неодамна се појави информација дека Шумахер бил присутен на венчавката на неговата ќерка, но никогаш не е добиена официјална потврда, ниту пак во јавноста се појавија фотографии.
Спорт
Шекил О’Нил: И со вишок килограми Дончиќ е подобар од 99 отсто од бековите во НБА
Лука Дончиќ и понатаму е главна тема во НБА кулоарите. Сè уште јавнста е во шок по трејдот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, по кој Дончиќ замина во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.
Меѓу бројните шпекулации за причините, ЕСПН објави дека една од нив е тежината на Дончиќ, која наводно е тежок 122 килограми, 20 повеќе од времето кога тој влезе во НБА.
За многумина оваа приказна нема апсолутно никаква смисла бидејќи Дончиќ и претходно имаше вишок килограми, но и покрај тоа беше и еден од најдобрите кошаркари во светот.
За ова зборуваше и легендарниот Шекил О’Нил.
„Треба да знам кој е точно терминот. За што зборувате? Кога велите дека не е во форма, дали е дебел? Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во НБА“, рече О’Нил.
Спорт
(Видео) Проблем за Реал, без Хезоња против Фенербахче
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите.
Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако.
Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите.
За ова беше казнет со суспензија од меч (против Фенербахче во 26. коло), и парична казна од 5.000 евра.
Хезоња постигна 15 поени и имаше осум скока пред да биде исклучен во поразот од Монако (77:73).
I com sempre , Hezonja . Té les neuronas justes perqué no li caigui la baba pic.twitter.com/q0a4cDqsLm
— eugeni (@eugenitriquell) January 31, 2025