Македонија
Антикорупциска најави пријави за повеќе функционери

Државната комисија за спречување на корупција соопшти дека ќе поднесе прекршочни пријави против службените лица не доставиле изјави за спречување на судир на интереси до предвидениот рок
„Со оглед на тоа дека веќе е истечен рокот за доставување на изјава за судир на интереси, а имајќи во предвид дека станува збор за нова законска обврска ДКСК ќе поднесе прекршочни пријави против оние службени лица кои не ја исполниле истата“, изјави претседателот на Антикорупциска комисија, Илми Селами.Прекршочна пријава ќе биде поднесена против пратеникот Ристо Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не доставил до Антикорупциска комисија изјава за судир на интереси. Другитее 119 пратеници ја исполниле оваа законска обврска до определениот рок.Од ДКСК информираат дека сите членови на Владата, министри и заменици таа обврска ја исполниле навремено. Селами соопшти дека против 26 судии ќе бидат поднесени прекршочни пријави, поради недоставување на изјави за судир на интереси. Од судиите , од Управниот суд на Република Македонија еден судија нема доставено изјава за судир на интереси, и против него е покрената прекршочна постапка, а тоа е судијата Исамедин Лимани. Од Апелациониот суд Битола постапка се покренува против Љубе Стојановски. Од Апелациониот суд Штип, се покренува постапка против Кирче Донев, од Основен суд Скопје 1- Скопје не доставиле изјава за интереси шест судии и тоа: Вангелина Маркудова, Милан Доганџиски, Ивица Стефановски, Оља Ристова, Кадрие Селмани и Јетмир Ајдили. Од Основен суд Скопје 2- Скопје прекршочни пријави се покренати против тројца судии: Верица Црнцаревска, Мирјана Намковска и Милка Панковска, од основен суд Тетово се покренува против двајца судии: Бетим Јахја и Драган Ѓеровски. Од Основен суд Прилеп против тројца судии: Жарко Велевски, Зоран Стевановски, Никола Крстевски. Од основен суд Охрид судијата Иво Поповски не доставил изјава и против него ќе биде покрената прекршочна пријава. Од основен суд Свети Николе изјава за судир на интереси не доставила Валентина Буровска, а од Основен суд Кратово изјави не доставиле: Миле Стојменовски, Милчо Лазов, Ружица Здравковска и Николчо Симонов. Против Нуки Јусуфи и Феми Арслани од Основен суд Гостивар ДКСК ќе покрене прекршочни пријави. Од Основен суд Дебар изјава нема доставено судијата, Мухамед Баланс.
Форум контакитраше со некои од набројаните судии, кои велат дека им било речено дека изјавата за судир на итнереси не задолжителна, иако лично немале причина да не ја потполнат.
„Од категоријата градоначалници од вкупно 85 градоначалници , изјава не доставиле 13 поради што ДКСК покрена против нив прекршочни постапки.Тоа се градоначалниците на: Штип, Карбинци, Сопиште, Зелениково, Старо Нагоричане, Бутел, Теарце, Тетово, Делчево, Чашка, Центар Жупа, Валандово, Ресен“, рече Селами.Членовите на Антикорупциска комисија изразија загриженост поради големиот број на членовите на совет на општини низ Република Македонија кои досега не ја испочитувале обврска за достава на изјава за судир на интереси. Вкупно 569 советници немаат поднесено изјави за интереси. Општини во кои сите советници имаат поднесено изјави за интереси се: Лозово, Кичево, Богданци, Осломеј, теарце, Гевгелија, Облешево, Зрновци, Свети Николе, Македонски Брод, Петровец, Новаци ,Маврово, Ростуше, Штип и Долнени.Општини во кој сите советници немаат поднесено изјави за интереси: Градско, Ново Село, Демир капија , тетово, Охрид, Валандово, Зајас, Студеничани, сопиште, Росоман, Струга, Зелениково и Арачиново
Казната за неисполнувањето на оваа законска обврска ќе биде од илјада до три илјади евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Апасиев и Мециновќ се разоткриени, пред граѓаните глумат чесност, а зад завесите во џеб ставаат народни пари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дволичноста на лицата од Левица веќе е на виделина. Лицата како Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ кои постојано зборуваат за чесност, грижа за граѓаните се покажа дека е една голема лага. Апасиев и Мециновиќ практично глумат едно пред јавноста, друго како приватни лица. Па така Апасиев и Мециновиќ си земале од партиските пари на Левица за лични потреби, тие пари пак се на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Само во периодот од 2021 година до денес се послужиле или во џеб ставиле околу милион денари.
Само за оваа година 2025, Мециновиќ кој е пратеник во Собранието од Левица земал околу 200 илјади денари.
Со вакво однесување Апасиев и Мециновиќ покажуваат само колку се дволични и колку не им е грижа за граѓаните, со други зборови глумат наивни лица загрижени за народот.
Едно е јасно раководството на Левица, или Апасиев и Мециновиќ пред граѓаните глумат фалш скромници, а зад грб само ги ставаат во својот џеб нивните граѓани.
Секој ден се покажува дека лицата од Левица се демагози или само лажно ветуваат и манипулираат за да го придобијат народот, а воедно се и тешки лицемери, едно се нивните јавно кажани зборови, а нивните приватни постапки се сосема нешто друго“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје. Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за ‘хибридни напади’“, велат од СДСМ.
„Додека граѓаните вдишуваа канцерогени материи, институциите задоцнето реагираа, дури не излегоа навреме ниту да ги информираат граѓаните, да дадат препораки, да кажат како да се заштитат.
Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, дали е целосно безбедно, колкаво количество токсичен отпад изгоре, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето.
Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите, вклучително и во депониите кои се управувани токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Доста беа приказни, за овој екоцид, за оваа еколошка катастрофа во Скопје и во Македонија мора да има политичка и кривична одговорност.
Освен за Трубарево, Јавното обвинителстви треба да ја прошири истрагата за пожарите во Вардариште и Дрисла, која ќе ги опфати сите актуелни раководни струкури во време на пожарите, кои дозволија да се случи еколошка катастрофа со опасни здравствени последици“, соопшти СДСМ.
Македонија
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за овогодинешниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото.
Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.