Контакт

Надворешна политика

Иванов: Ако не се држиме заедно – ќе висиме одделно

Објавено пред

Ако не се држиме заедно – ќе висиме одделно, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во недела во Брисел, пред почетокот на мини Самитот на десет земји-членки на Европската унија со Македонија, Србија и Албанија, а посветен на бегалската криза.

dobivaj vesti na viber

 

 

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Иванов се пожали на слабата соработка на Грција со Македонија околу мигрантите и дека тоа е клучното барање од македонска страна на овој состанок на највисоко ниво.

 

„Ова е момент кога треба да се покаже колку соседите меѓу себе се солидарни заедно да одговорат на предизвиците. Ние очекуваме дека Грција ќе соработува во поглед на оваа европска криза и дека ќе ги разменува податоците што се неопходни за да знаеме како да се справуваме, бидејќи имаме денови кога и до десет илјади бегалци ни доаѓаат на територија на Република Македонија. Комуникацијата со Грција ни е на многу ниско ниво. Немаме соработка меѓу министерства, ниту пак на владите“, рече Иванов пред почетокот на мини Самитот.

 

Запрашан што очекува од состанокот на Македонија со ЕУ за ова прашање, македонскиот претседател посочи дека ова е предизвик со кој не се соочува само ЕУ, туку и целиот европски континент и во таа пригода го цитираше основачот на Соединетите Американски Држави:

 

 Сега е момент да се покаже колку можеме ние да се соочиме со овој предизвик, бидејќи ова не е предизвик за ЕУ, туку ова е предизвик за целиот европски континент. Има една поучна мисла на Бенџамин Френклин и таа гласи: „Ако не се држиме заедно – ќе висиме одделно!”, порача претседателот Иванов./крај/

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија4 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија9 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија10 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ13 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија13 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија13 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ14 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија15 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ15 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа16 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион17 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа17 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет18 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет18 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија1 ден

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет1 ден

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија1 ден

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ1 ден

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ1 ден

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...