Свет
Двајца самоубијци инволвирани во нападот врз Домодедово

Двајца терористи биле вклучени во самоубиствениот бомбашки напад на меѓународниот терминал на московскиот аеродром Домодедово во понеделникот, изјавија за руските медиуми извори од безбедносните служби во вторникот
Според информацијата што ја пренесува РИА Новости, изворот посочил дека и двајцата бомбаши-самоубијци загинале во експлозијата во која вкупно беа убиени 35 лица, а беа повредени повеќе од 130. „Експлозијата се случи кога еден осомничен терорист – жена ја отворила патничката торба. Таа беше придружувана од еден човек чија глава била откината од експлозијата и е пронајдена подоцна“, изјавил изворот новинската агенција РИА Новости. Тој додал дека е можно тие да сакале да ја остават експлозивната направа во холот, но бомбата била детонирана ненамерно или со далечински управувач. „Нападот е изршен според шемата што се користи од страна на терористите од регионот на Северен Кавказ“, рекол изворот, потсетувајќи дека двата напада од март 2010 г. кога во московското метро Москва загинаа 40 луѓе а над 100 беа повредени биле извршени на сличен начин. Руското Министерството за вонредни ситуации ја објави прелиминарната листа со имиња на загинатите во нападот, меѓу кои се идентификувани осум странски државјани, пренесува новинската агенција Интерфакс. Рускиот претседател Дмитриј Медведев во вторникот го обвини раководството на аеродромот заради неспроведување на сите безбедносни мерки. „Очигледно е дека постои прекршување на безбедносните правила. Не е толку лесно да се внесе талку големо количество експлозив во внатрешноста на аеродром. Секој во чијашто надлежност е управувањето со компанијата, кој е задолжен за носењето одлуки, како и управата на аеродромот треба да сносат одговорност за тоа“, рече Медведев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.