Црна хроника
Додека Штип го славеше Свети Никола ограбена свеќарницата на црквата
Во очи на празникот на градот 19 декември, патронот Свети Никола, обиена е свеќарницата на соборниот храм „Свети Никола“ во Штип.
Непознати во храмот влегле околу 4 часот наутро, насилно ја разбиле вратата од свеќарата и оттаму украле пари и црковна бижутерија, пренесува ТВ Стар.
Крадецот или крадците веројатно се надевале на богат плен зашто големиот светител Николај Чудотворец собра огромен број верници во црквата, што значи и многу продадени свеќи. За среќа, даденото за здравје и обнова на православните храмови, навреме било згрижено, па направената штета не е голема.
Колку точно е проценетата штета ќе се утврдува доолнително, но во случајов тоа е најмалку важно. Верниците ги боли тоа што во очи на големиот ден, некој се осмелил да го осквернави храмот божји.
„Денес е денот на храмот, никој не смеел да се осмели да краде од него. На црква треба да се даде, а не да се земе, тоа е голем грев“, велат анкетирани верници.
Црквите и манастирите во регионот до сега многупати биле цел на крадците. Само на почетокот на годинава, полицијата откри неколку групи одговорни за кражби во 15 сакрални објекти, пренесува ТВ Стар./крај/с/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

