Македонија
Останатите разбојници од грабежот во Тетово во бегство-потрагата во тек
Полицијата се уште трага по останатите разбојници кои вчера попладне околу 18 часот ограбија и ранија златар во центарот на Тетово, па започнаа престрелка со полицијата, при што еден од разбојниците беше застрелан, а еден полицаец беше ранет.
Полицијата се уште трага по останатите разбојници кои вчера попладне околу 18 часот ограбија и ранија златар во центарот на Тетово, па започнаа престрелка со полицијата, при што еден од разбојниците беше застрелан, а еден полицаец беше ранет.
Според информациите на СВР Тетово, ранетиот разбојник бил дваесет и петгодишниот Ибраим Љ. од Скопје. Неговото тело е предадено на судска медицина.
И денеска продолжува увидот, на местото на инцидентот се наоѓа екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител.
Вчера попладне седум или осум непознати вооружени разбојници со автоматско оружје влегоа во златарницата „Исак 1“, украдоа поголема количина на златен накит и го ранија сопственикот на златарницата, триесет и деветгодишниот И.Ф. од Камењане.
Со две прострелни рани во нозете сопственикот бил префрлен на скопските клиники.
Со двете возила со кои што дошле во златарницата, „Опел астра„ и „Опел омега“, без регистерски таблици заминале кон регионалниот пат Тетово – Јажинце.
Во близина на Теарце биле забележани од полициска патрола, но не застанале, со голема брзина продолжиле кон Јегуновце. При влезот во селото кај железничката пруга биле пресретнати од уште една полициска патрола.
Таму започнала престрелката со полицајците кои се наоѓале на влезот од селото Јегуновце, но и со полициската патрола која ги следела од село Теарце.
Во престрелката еден од разбојниците беше застрелан, по што им подлегна на повредите, а еден полицаец беше полесно ранет.
Другите крадци ги оставиле возилата и пешки се разбегале кон селото Нераште.
Во двете возила кои биле оставени со отворени врати и отворени багажници пронајдено било оружје, златен накит и други предмети.
Златен накит и оружје биле пронајдени и покрај безживотното тело на разбојникот. Пронајдените предмети се предадени на вештачење. Се уште се утврдува дали пронајдениот накит е целокупниот накит кој бил украден од златарницата или разбојниците дел од накитот успеале да земат со себе.
Ранетиот полицаец се наоѓа вон животна опасност./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.
Македонија
Зајкова: Една изборна единица има смисла само со отворени листи
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, реагираше по одржаната лидерска средба во Клубот на пратеници, оценувајќи дека нејзиниот исход е „0 проценти економија и 100 проценти политика“.
„Очекуваниот исход од ‘лидерската’ средба е 0% економија и 100% политика. Една изборна единица има смисла само со отворени листи. Во спротивно, како и денес, само неколку мажи ќе продолжат да ја дефинираат судбината на Македонија, наместо граѓаните. Моќта и финансиите ќе останат кај нив, а за народот — трошки. Со отворени листи ќе има поодговорни народни избраници, а со тоа и повеќе пари за граѓаните“, напиша Зајкова на својот Фејсбук профил.
Од ЛДП посочуваат дека лидерската средба има смисла само доколку отвори суштински прашања што директно го засегаат животот и животниот стандард на граѓаните, а не доколку се сведе исклучиво на дилемата за укинување или задржување на техничката влада.
Во соопштението се наведува и дека, иако Зајкова е пратеничка и единствена жена-лидер на партија во Македонија, таа не добила покана за учество на средбата. Организаторите, како што се посочува, одлучиле да поканат само претставници на партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
„Лидерските средби не треба да бидат поле за дневно-политички надмудрувања и покажување мускули, туку простор за носење решенија и одлуки што ќе придонесат за подобра иднина на сите граѓани“, наведуваат од Либерално-демократската партија.
Македонија
„Пирамид Билдинг Солушнс“ бара извинување по обвинувањата на СДСМ: Работиме повеќе од 15 години без ниту еден скандал
Компанијата Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ Скопје бара јавно извинување од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во рок од 24 часа, поради, како што наведува, јавни напади, клевети и тенденциозно пласирани информации изнесени од претставниците на оваа партија на прес-конференциите на Јон Фрчковски и Петар Огненовиќ.
Во однос на обвинувањата за склучени договори со општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата објаснува дека станува збор за селективно прикажување на факти со кое се создава искривена слика за нејзиното работење и се нанесува сериозна штета врз угледот, интегритетот и деловната репутација.
Оттука истакнуваат дека повеќе од 15 години успешно опстојуваат и работат на македонскиот пазар, без, како што наведуваат, ниту еден скандал, со доследно почитување на законите и процедурите и со континуиран раст базиран на квалитет и професионалност.
Во соопштението се додава и дека во јавните настапи на претставниците на СДСМ не бил спомнат клучен факт – дека токму во периодот на нивното владеење и раководење со институциите, компанијата добила значителен број договори за јавни набавки, кои биле целосно и успешно реализирани во согласност со законските прописи.
Како доказ за транспарентно и законско работење, компанијата доставува и табела со склучени и реализирани договори за јавни набавки по години и институции раководени од функционери на СДСМ.
„Апелираме бизнисот да се остави надвор од дневно-политичките пресметки и да не се користат инсинуации и неосновани обвинувања за политички цели“, се наведува во соопштението.
Од Пирамид Билдинг Солушнс порачуваат дека, доколку не добијат јавно извинување во наведениот рок, ќе бидат принудени да ги искористат сите расположливи правни механизми за заштита на своите права, углед и деловен интегритет.

