Економија
Невоедначена изведба на европските пазари на акции

Европските берзи во вторникот забележаа невоедначена изведба, па германскиот и британскиот пазар ја црпеа поддршката од растот на вредноста во цикличните сектори, додека францускиот и шпанскиот пазар беа притиснати од продолжувањето на стравовите од кризата во еврозоната.
Европските берзи во вторникот забележаа невоедначена изведба, па германскиот и британскиот пазар ја црпеа поддршката од растот на вредноста во цикличните сектори, додека францускиот и шпанскиот пазар беа притиснати од продолжувањето на стравовите од кризата во еврозоната. Индексот на лондонската берза FTSE 100 зајакна за 1,20 отсто на 5.639 поени, индексот на берзата во Франкфурт DAX за0,94 отсто на 6.132 поени, додека индексот на париската берза CAC 40 беше во минус од 0,75 отсто на 3.198 индексни поени.Индексот на шпанската берза IBEX, пак, беше во минус од еден процент, откако инвеститорите ги проучија предупредувањата на шпанскиот министер за стопанство Лиус де Гундоса, дека буџетскиот дефицит на Шпанија за 2011 година би можел да биде поголем и од 8 отсто од БДП-то, колку што процени новата влада. Тоа ги заживеа стравувањата дека Шпанија е во многу тешка ситуација и оти може да се соочува со подолг период од пренапрегнатиот буџет и падот на стопанските активности. „Тоа покажува дека Шпанија е во многу тешка ситуација и дека новата влада мора да ги заостри веќе најавените мерки за штедење“, изјави за Reuters, Арно Путие од компанијата „IG Markets Franc“. Меѓу најголемите губитници во Шпанија беа банките, па така „Sacyr“ ослаби за 1,6 отсто, „Banco de Sabadell“ за 1,3 отсто a „Banco Santander“ за 0,9 отсто.Индексот на париската берза CAC 40, исто така, ослаби откако инвеститори тргнаа во продажба на акциите којашто носеше добивка на фармацевтската компанија „Sanofi“ којашто од крајот на минатогодишниот ноември зајакна за 22 отсто, како и поради паѓањето на вредноста на акциите на водечките банки. Така, акцијата на „Societe Generale“ ослаби за 2,7 отсто, на „Credit Agricole“ за 2,1 процента а на „BNP Paribas“ за 1,3 отсто. Француските банки изминатите неколку месеци имаа послаби резултати од другите европски банки поради стравувањата дека Франција ќе го загуби највисокиот кредитен рејтинг „ААА“. Германскиот индекс DAX зајакна поттикнат од острите добивки на производителите на автомобили како што „BMW“ чија акција скокна за 3,3 отсто. Лондонскиот индекс FTSE 100, пак, беше во добивка на врз силните добивки на рударските компании, предводени од „Rio Tinto“ кој доби на вредноста 5,6 отсто./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари

Илон Маск би можел да стане првиот човек во историјата кој ќе добие акции во вредност од еден трилион долари, доколку во следната деценија „Тесла“ ги исполни своите најамбициозни цели, соопшти Управниот одбор на компанијата.
Според новата програма за наградување, Маск нема да добива пари или класични бонуси, туку акции, чија вредност би достигнала историски рекорд доколку плановите се реализираат.
Меѓу условите се вклучени продажба на 12 милиони електрични возила, лансирање на еден милион роботи со вештачка интелигенција и осмократен раст на вредноста на компанијата.
Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека иако задачите изгледаат скоро невозможно, токму визијата на Маск и неговата упорност се гаранција за успех.
„Задржувањето и мотивирањето на Илон е клучно за ‘Тесла’ да стане највредната компанија во историјата“, порача Денхолм.
Оваа објава доаѓа само еден месец по одлуката на американски суд, со која Маск доби 29 милијарди долари во акции, откако претходно беше поништено грандиозното доделување од 50 милијарди долари поради негова неправедност кон акционерите.
Со новата програма, „Тесла“ испраќа порака дека иднината на компанијата останува тесно врзана за најбогатиот човек на планетата и неговите визионерски планови.
Економија
Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според него, е резултат на одговорни владини политики.
„Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша Мицкоски.
Тој посочи дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што претставува пад од еден процент во однос на истиот квартал минатата година.
„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, нагласи премиерот.
Мицкоски се осврна и на трговската размена, посочувајќи дека во јули извозот пораснал за 4,69 проценти, а увозот за 4,35 проценти.
„Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти. Вкупната трговска размена во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период лани“, додаде тој.
„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред, со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој“, порача премиерот во својата објава.
Економија
Стојаноски: Економијата се буди, граѓаните наскоро ќе почувствуваат подобар живот

Во рамки на новото издание на емисијата „Ставот на регионот“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој говореше за состојбата на македонската економија и најави подобрувања што, според него, ќе донесат повисок стандард за граѓаните.
„Три квартали по ред имаме раст на БДП од над 3%. Индустриското производство од месец јули, споредено со јуни претходната година, е зголемено за 4,1%, а преработувачката индустрија бележи раст од 7%. Дополнително, забележуваме и поголем број туристи кои доаѓаат во државата“, изјави Стојаноски.
Тој нагласи дека Македонија гради темели на нова економска филозофија, чија цел е повисок стандард, подобри плати и пензии и поквалитетен живот за сите граѓани.
„Овие показатели укажуваат дека македонската економија полека заздравува. А кога ќе влеземе во полн ек на реализација на капиталните инвестиции и ќе го развиеме градежништвото, како клучна гранка, ќе имаме уште повеќе можности да помагаме и со дополнителни мерки“, додаде Стојаноски.