Спорт
Кошарка: ЕП: Финска подобра од Грузија
Во средбата од 2-то коло од Груапта Ф на Евробаскетот во Литванија, кошаркарите на Финска со 87:73 ја совладаа Грузија, останувајќи во игра за пласман во четвртфиналето.
Во средбата од 2-то коло од Груапта Ф на Евробаскетот во Литванија, кошаркарите на Финска со 87:73 ја совладаа Грузија, останувајќи во игра за пласман во четвртфиналето. Финците по Македонците, според оцените на европската кошаркарска јавност се најпријатното изненадување на шампионатот во Словенија. До победата над Грузија нив ги предводеше Коивисто со 14 поени, додека кај Грузијците најдобар беше Саникидѕе со 16 кошеви. За да се квалификуваат во четвртфиналето, Финците треба да ја совладаат во последното коло Словенија. Во исто време кога заврши овој натпревар, започна дуелот меѓу Македонија и Словенија. /крај/фиба/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн сака да го задржи Томас Тухел
По многубројните неуспешни преговори со другите тренери, челниците на Баерн Минхен се решија на радикален потег. Според „Скај спорт Германија“, тие ги започнале преговори со Томас Тухел. Баерн и Тухер на 21 февруари се договорија тренерот да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Темпераментниот стратег наводно е подготвен да остане на „Алијанц Арена“ и покрај турбулентните недели. Овој извор пишува дека се уште нема целосен договор од сите страни и дека потенцијалниот договор би можел да пропадне.
Главен проблем е договорот на Томас Тухел, кој има важност до 30 јуни 2025 година.
Менаџерот на тренерот на Баерн бараат нов договор кој би важел најмногу до летото 2026 година.
Според „Скај спорт“, клупските функционери Макс Еберл и Кристоф Фројнд, како и клучните играчи во соблекувалната, како Мануел Ноер, Томас Милер, Хари Кејн, Лерој Сане и Џамал Мусиала, застанале во одбрана на Тухел.
Во претходните недели раководството на Баерн водеше неуспешни преговори со Ралф Рангник и Ханси Флик, претходно беа одбиени и од Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман.
Томас Тухел го презеде Баерн во март минатата година, кога го наследи Јулијан Нагелсман.
Спорт
(Видео) Крос призна дека Баерн бил оштетен во Мадрид
Драматичниот реванш во полуфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Реал и Баерн (2:1) минатата недела го одбележа судиска грешка на штета на гостите во финишот на натпреварот.
Полскиот судија Шимон Марчинијак во судиското надополнување ја прифати одлуката на помошникот кој сигнализираше офсајд. Сметаше дека Мазрауи е во недозволена позиција, иако десното крило на Баерн не беше во офсајд.
Фудбалерите и навивачите на Баерн лути на оваа одлука се уште тврдат дека им е украден чист гол за 2:2.
Една недела по оваа одлука и натпреварот се огласи и Тони Крос. Легендата на Реал, но и на Баерн тврди дека неговиот поранешен тим бил оштетен на „Сантијаго Бернабеу“.
„Тоа беше лоша одлука. Мораме да оставиме играта да продолжи и да заврши акцијата“, изјави Крос во подкастот што го води со неговиот брат Феликс и дополни.
„Мислам дека грешката е на помошниот судија, бидејќи ако го подигне знамето, судијата му верува и смета дека се е јасно. Поточно, дека станува збор за офсајд“.
So beIN Sport footage shows Bayern's Mazraoui was onside vs Real Madrid. In a such a tight call why raise his flag so early?
I have seen players miles offside & the assistant referee kept his flag down then go to VAR if they score. Sorry is not enough. pic.twitter.com/Di3O3JMezL
— Kyama (@ElijahKyama_) May 9, 2024
Крос продолжува:
„Гневот на Баерн е оправдан бидејќи мораме да се соочиме со ситуацијата до крај. Не знам дали сите престанаа да играат бидејќи свирежот се слушна уште пред ударот на Де Лигт да заврши во голот. Можеше да се види дека оние од обраната малку застанаа“.
Во секој случај, Реал победи се пласира во финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 1 јуни на Вембли.
Il gol del 2-1 del Real era fuorigioco del crossatore Rudiger mentre il gol del pareggio del Bayern, segnato da De Ligt👇 ,a gioco fermato dall'assistente nonostante abbiano consigliato di far finire l'azione,non era fuorigioco. Un po' è il Real,un po' il cu di Ancelotti.#RMABAY pic.twitter.com/Can2f7IPwz
— karel (@karel2899451321) May 8, 2024
Спорт
(Видео) Дончиќ со трипл-дабл, брејк на Далас во Оклахома – Бостон избори место во финалето на Истокот
Кошаркарите на Далас славеа во Оклахома со 104:92 и поведоа со 3:2 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА. На Истокот, Бостон Селтикс со 4:1 ја решија серијата против Кливленд Кавалирс.
Далас до победата го предводеше Лука Дончиќ, кој забележа трипл-дабл со 31 поен (12/22 од поле, 5/11 за три), 11 асистенции и 10 скока.
Словенецот ја имаше и клупната блокада 55 секунди до крајот на мечот против Шеј Гилџес-Александар.
Кај Оклахома најефикасен беше токму Александер со 30 поени.
Кошаркарите на Далас во втората четвртина стигнаа до 15 поени предност, на полувремето имаа 54:44, а на почетокот на последниот период ја зголемија предноста на плус 18 и не дозволија Оклахома да се доближи.
Следниот натпревар од оваа серија се игра ноќта меѓу сабота кон недела, а домаќин ќе биде Далас.
Бостон со 113:98 славеше во петтиот меч против Кливленд и се пласира во финалето на Истокот.
Кливленд без најдобриот играч Дован Мичел се држеа три четвртини. Во последната Селтикс ја направија клучната серија 13:2.
Џејсон Тејтум постигна 25 поени, имаше и 10 скока, ветеранот Ал Хорфорд блескаше со 22 поени, 15 скока, пет асистенции, постигна шест тројки од вкупно 19-те на неговиот тим.