Црна хроника
Светиниколчанец во животна опасност откако паднал пијан по скали
Шеесет ишестгодишен годишен жител на Свети Николе се наоѓа во животна опасност, откако во алкохолизирана состојба паднал од скалите во сопствениот дом.
Тој со тешки повреди на главата со возило на итна помош бил префрлен во Клиничката болница во Штип, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Деца ограбиле деца со нож во Скопје, МВР ги фати
Полицијата вчера приведе четворица малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.
Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае.
Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.