Македонија
Паноски: Состојбата на Охридско е драматична, но нема опасност од катастрофа

Подигнувањето на нивото на водата во Охридското езеро е резултат на излевањето на реките, а најголема опасност претставува реката Црн Дрим, вели Дејан Паноски, билатерален секретар за сливот на Охридското езеро.
Излевањето на реките кои се влеваат во Охридското езеро е причина за зголемување на нивото на Охридското езеро, вели Дејан Паноски, билатерален секретар за сливот на Охридското езеро.
„Подигнувањето на нивото на водата во Охридското езеро е резултат на излевањето на реките, а најголема опасност претставува реката Црн Дрим“, изјави Паноски за Макфакс и додава „состојбата на езерото е драматична но, нема опасност од природна катастрофа, езерото не може да се излее надвор од своите природни граници“.
Максималното дозволено ниво на Охридско Езеро е уредено со меѓудржавен договор со Албанија, кој е донесен пред 50 години, највисоко ниво на водата на Охридското езеро е забележано во 1986 кога биле регистрирани 18 сантиметри над дозволената кота.
Паноски вели дека бројките на подигнување на нивото на водата се променливи и не се задржуваат и поради тој факт не може да каже што може да се очекува.
Вчера се излеа и реката Грашница која претставува најголем загадувач на Охридското езеро но, Паноски вели дека
Грашница единствениот проблем што го направи е тоа што ги потопи дворовите на луѓето кои живеат во нејзината близина.
Центарот за управување со кризи е активен во Охрид и придонесува за спречување на овие катастрофи или други несакани појави./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне со појава на нестабилност и краткотраен пороен дожд

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Во недела и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Церемонија на свечено менување на државното знаме пред претседателската вила во присуство на основци од Скопје

Ученици од скопските основни училишта „Ѓорѓија Пулевски“, од општина Аеродром, „Св. Климент Охридски“ и „Кирил Пејчиновиќ“ од општина Кисела Вода, денеска го посетија Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Придружени од своите наставници, учениците ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме. Оваа церемонија се одржува секој втор петок во месецот и се реализира од Баталјонот за почести при македонската армија како израз на почит кон македонското знаме, како државен симбол.
По завршувањето на свечениот чин, младите посетители ги разгледаа просториите на Кабинетот и разговараа со претседателката за нејзините работни обврски, но и за личниот живот, почнувајќи од детството, школските и студентски денови, како и професорската кариера.
Во разговорот со учениците, претседателката ги охрабри да учат и да веруваат во себе, да го почитуваат знаењето, оти тоа ќе ги направи компетитивни, сигурни и успешни.
Македонија
Авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје информира дека на ден 11.05.2025 година (Недела) во раните утрински часови ќе се изврши Авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин, велат надлежните.
Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.