Македонија
Промоција на проект од делот на внатрешни работи и правда

Проектот “Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, ќе биде промовиран во петок во Скопје.
Проектот во наредните две години ќе се реализира во рамки Програма ИПА 2009, компонента 1 – транзициона помош и институционална надградба.
На настанот на којшто ќе присуствуваат и министерот за правда Блерим Беџети, амбасадорот на ЕУ во РМ Аиво Орав, како и Верена Тејлор директор на Канцеларијата на генералниот директор за програми при Советот на Европа, предвидено е свое обраќање да има и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Инаку, проектот за чија што реализација се предвидено 2,1 милион евра (најголемиот дел 1,8 милиони евра од ЕУ, 100.000 евра од Советот на Европа и 200.000 евра од буџетот на РМ) треба да биде окончан до 30 ноември 2014 година.
Главните цели на проектот што ќе се изведува во организациони единици на министерствата за внатрешни работи и за правда се развој на професионалните капацитети на полицијата со гарантирање на целосно почитување на фундаменталните човекови права преку ефикасна и сигурна регулација, како и јакнење на организационите и управувачки капацитети на затворскиот систем со обезбедувае на целосна заштита на човековите права во лечење на притворените и осудените лица. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Аеродром, Сарај и Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 11:00 часот, објектите во околината на Транспотниот Центар, односно делови од улиците: Мирче Ацев и Никола Карев. (Општина Центар)
· од 09:00 – 12:00 часот, дел од ул. Ѓорѓи Капчев. (Општина Аеродром)
· од 09:30 – 12:00 часот, дел од с. Никиштани. (Општина Сарај)
· од 11:00 – 14:00 часот, објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона – Качанички Пат, Визбегово. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд (над 30л/м2), а на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на улицата Ванчо Мицков бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Ванчо Мицков, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.