Свет
Германската опозиција бара предвремени избори
Опозициските партии во Германија денеска побараа распишување на предвремени парламентарни избори.
Опозициските партии во Германија денеска побараа распишување на предвремени парламентарни избори.
„Новите избори се во главите и срцата на сите оние во оваа земја кои размислуваат политички одговорно“, изјави Рената Куенаст, претседател на парламентарната група на Зелените.
Таа оцени дека судирите во владејачката коалиција поради најавениот остар пакет мерки за штедење остава само една можност – избори.
И Социјалдемократите се за нови избори.
„Владата ја промаши својата цел и кога тоа самата ќе го спознае, најдобар излез ќе биде распишување на нови избори“, рече Франк-Валтер Штајнмаер, претседател на пратеничката група на Социјалдемократите.
Владината коалиција заеднички ги отфрли барањата за нови избори.
„Владата ќе ја продолжи својата работа и тоа до крајот на мандатот во 2013. година“, изјави Волкер Каудер, претседател на пратеничката група на Унијата ЦДУ/ЦСУ. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Малибу пред и по пожарот
Снимката од градот Малибу во близина на Лос Анџелес, еден од најубавите крајбрежни делови на Калифорнија, го покажува обемот на катастрофалниот пожар.
Malibu’s waterfront before and after the wildfires, which destroyed some of the most expensive properties in California
pic.twitter.com/RQmlY5LoQj— FearBuck (@FearedBuck) January 9, 2025
Куќите и зградите се целосно срамнети со земја.
Свет
Партијата на Трудо избира нов лидер на 9 март
Либералната партија на канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо доцна вчера објави дека ќе избере нов лидер на 9 март, пред овогодинешните избори, за кои анкетите покажуваат дека рејтингот на партијата е значително ослабен. Трудо пред четири дена најави дека ќе поднесе оставка како лидер на владејачката Либерална партија и премиер по девет години на власт, но вети и дека ќе остане на функцијата додека неговата партија не избере замена.
Канадскиот премиер се најде под силен притисок од пратениците на либералите да поднесе оставка поради предизборните анкети кои сугерираат дека партијата ќе биде цврсто поразена на следните избори. „Либералната партија на Канада ќе избере нов лидер на 9 март и ќе биде подготвена да се бори и да победи на изборите во 2025 година“, се вели во соопштението на партијата.
Националниот управен комитет на партијата синоќа официјално се состана за да разговара и да ги утврди првичните правила на претстојната лидерска трка. Лидерското гласање ќе заврши на 9 март, а истиот ден ќе биде објавен и новиот лидер, велат оттаму.
Ова значи дека 53-годишниот Трудо сепак ќе биде премиер на 20 јануари, кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе воведе царини за Канада кои би можеле да ја осакатат економијата, ќе ја преземе функцијата. Трамп, исто така, рече дека може да употреби економска сила за да ја направи Канада 51-та држава на САД, што канадскиот лидер жестоко го отфрли.
Свет
Пожарникарите на Лос Анџелес уништуваат патишта за да го прекинат протокот на гас до пожарот
Службите во Алтадена во близина на Лос Анџелес ги уништуваат патиштата за да го запрат протокот на гас и да спречат ширење на пламенот.
Пожарот опустоши над 13.000 хектари во предградието на Лос Анџелес. Работниците работат деноноќно за да го запрат протокот на гас.
Катастрофалните пожари во областа на Лос Анџелес уништија повеќе од 10.000 објекти и загинаа најмалку 10 луѓе. Пожарите се уште се активни, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.