Регион
Уапсен поранешниот претседател на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ

Поранешниот претседател на Србија и Црна Гора, Светозар Маровиќ бил уапсен во четвртокот утрото, по налог на специјалниот државен обвинител, пренесуваат црногоските медиуми.
Според неофицијални информации, сегашниот претседател на политичкиот совет на црногорската Демократска партија на социјалистите бил уапсен во зградата на Вектра во Подгорица. Специјалниот државен обвинител Миловоје Катниќ претходно го навестил апсењето на Маровиќ, истакнувајќи дека идентификуван бил шефот на криминалната организирана група во Будва и најавил дека истрагата наскоро ќе биде проширена на повеќе случаи, пренесува црногорскиот портал ЦДМ.
„Обвинителството верува дека собра доволно докази за превземање на овие активности, а тоа е донесување на наредба за проширување на истрагата и во однос на организаторите на оваа криминална група“, рекол Катниќ.
Сите клучни актери во „Будванската афера“ признале дека се виновни за повеќемилионска штета на сметка на општина Будва и државата во повеќе одвоени постапки, наведува порталот. Во притвор веќе се синот на Маровиќ, Милош, потоа братот Драган и стрината Мирјана, а постапка се води и против неговата ќерка Милена Маровиќ Богдановиќ.
Синот на Светозар, Милош Маровиќ на почетокот на месецот беше префрлен во истражен затвор во Подгорицаи му беше одреден притвор од 30 дена поради сомневање дека е вмешан во незаконска продажба на државна земја во Будва, потсетуваат црногорските медиуми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин