Македонија
Казнети полицаец и хаус мајстор за контакт со медиуми и алкохолизираност на работа

NULL
Министерството за внатрешни работи казни 29 свои вработени по спроведување на дисциплински постапки. На 17 вработени изречена им е мерка парична казна, петмина добиле писмено предупредување, четири постапки против четворица вработени се запрени откако е утврдено дека нема повреда.На еден вработен му е изречена мерка отказ, а на двајца вработени мерка – распоредување на пониско работно место. Неколку случаи се најкарактеристични. Дежурниот полицаец во Полициско одделение за гранична контрола Свети Наум бидејќи со себе носел приватен вклучен телефон изречена му е парична казна во износ од 15 % месечната плата во траење од три месеци. Полицаец кој се тепал во Битола е казнет со 10 % од месечната плата во траење од еден месец. Помлад инспектор за општ криминалитет во Одделението за организиран криминал во Сектор за внатрешни работи Куманово, изречена му е парична казна во износ од 15 % одмесечната плата во траење од четири месеци оти дал изјава во медиуми. Двајца полицајци од Струмица се казнети со по 10 проценти помали плати оти се оддалечиле од работното место. Хаус мајстор во одделението за заеднички работи во Секторот за внатрешни работи Скопје, изречена му е парична казна во износ од 5 % од месечната плата во траење од три месеци бидејки употребувал и бил под дејство на алкохол.Полицаец во Полициско одделение за обезбедување на државната граница Џепчиште, изречена му е мерка “предупредување“ оти ја повлекол патролата од терен. Предупредување добил и сообраќаен полицаец кој се однесувал дрско, казни добиле и полицајци кои поминале наплатна рампа без да платат, спиел на стража, се степале со колеги примиле поткуп, не се грижеле за дисциплината на вработените. Полицаец во Полициско одделение за обезбедување на пари банковни и други вредности во Полициската станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, поминал најлошото . Нему му е даден отказ оти неоправдано изостанал од работа три последователни дена. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.