Контакт

Македонија

Стабилизирано свлечиштето Рамина

Објавено пред

Свлечиштето Рамина, кај Велес, на кое поради лизгање на земјиштето во изминатите десетина години се урнаа педесетина куќи е стабилизирано

dobivaj vesti na viber

Свлечиштето Рамина, кај Велес, на кое поради лизгање на земјиштето во изминатите десетина години се урнаа педесетина куќи е стабилизирано.

Последните мерења на Градежниот факултет од Скопје, покажаа дека вториот потпорен ѕид го стабилизирал движењето на земјиштето и засега нема потреба од изградба на трет.

Жителите од долниот дел на населбата велат дека сега побезбедно се живее – не се слуша жуборење на водата и не пукаат ѕидовите на куќите.

Според градоначалникот Горан Петров стручните лица и натаму ќе ги следат состојбите и ќе преземат соодветни активности, доколу се јави промена на состојбата.

Дел од жителите на Рамина, кои останаа без покрив над главата се сместени во приватни станови, за кои Владата плаќа месечна наемнина од 50 до 80 евра.

Како трајно решение за луѓето што ги изгубија домовите на свлечиштето, Владата најави изградба на социјални станови за кои приоритет во распределбата ќе имаат поранешните жители на Рамина./крај/дк



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Автомобил специјално конструиран за криење на стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Објавено пред

Во соработка со МВР, службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока, информираат од Царинската управа.

dobivaj vesti na viber

Случајот е откриен на излез на граничен премин Табановце, каде со мобилен скенер е извршено скенирање на автомобилот, при што се откриени бункери во праговите. Автомобилот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автомобилот, инаку македонски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи, соопштија надлежните.

„Околу 130 парчиња облека и обувки се пронајдени во куфери и кеси сместени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички, со којшто двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.

67 парчиња облека се откриени од мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Дојран.

329 кинезиолошки траки за поддршка на мускулите се пронајдени во багажник на автомобил со германски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

2.900 делови за ПВЦ прозорци (оков) се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничниот премин Блаце.

156 детски играчки со ознаки на заштитени трговски марки се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Истите се откриени при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за фирма од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струмица.

Во друг случај мобилен царински тим заплени 406 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Истите се откриени при контрола на стока во транзитна постапка со потекло од Турција.

111 парфеми и тоалетни води се пронајдени во багажник на автомобил со германски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце“, соопшти Царинската управа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на ланец аптеки

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки и правното лице, кои се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.

dobivaj vesti na viber

За фалсификување на службената исправа како продолжено кривично дело е обвинета судијката која во текот на постапката беше и разрешена од судиската функција, додека управителката на ланецот аптеки и нејзиниот сопруг се обвинети за поттикнување при извршувањето на кривичното дело и за употреба на исправите со невистинита содржина.

Првообвинетата, постапувајќи во предмет во кој тужители се останатите обвинети, донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда. Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава.

Дополнително, како судија во вонпарнична постапка, обвинетата надвор од АКМИС системот за електронско управување со предметите во Судот, составила решение со кое на истите подносители им го усвоила предлогот за привремени мерки за обезбедување непарично побарување, со кое им овозможила на предметниот имот да впишат прибелешка во јавните книги со забрана за отуѓување и оптоварување. Потоа решила привремената мерка веднаш да биде извршна и примерок веднаш да биде доставен до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес. Решението било со невистинита содржина во поглед на податоците за наводно одржаното рочиште, а документот спротивно на судскиот деловник било доставено само до предлагачот.

Со посебно решение, таа ја задолжила спротивната страна да ги надомести парничните трошоци на предлагачите во износ од 1.124.308 денари, повторно веднаш давајќи и својство на правосилност и извршност на исправата, иако знаела дека се исполнети законските услови за повлекување на привремената мерка со што парничните трошоци би паднале на товар на подносителот. И ова решение не го доставила до останатите странки во постапката, туку единствено до предлагачот, со што ги оневозможила да користат правен лек – жалба.

За да ги прикрие сите противправни дејствија во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи – повратници и не ги споила сите документи во списите на предметот.

Обвинетите сопственици ги употребиле ваквите исправи со невистинита содржина пред Агенцијата за катастар на недвижности за да внесат промени во имотните листови во корист на обвинетото правно лице. Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина.

Прикажи повеќе...

Скопје

Комунална хигиена-Скопје продолжува со активностите за расчистување на снегот во сите скопски општини

Објавено пред

И во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во три смени реализираа активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско подрачје, велат од Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

Воедно, во скопската општина Чаир беа спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди – до ООУ „Васил Главинов“, Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот Крсте Мисирков – зад т.ц. Мавровка.

Во рамките на овие активности беа подигнати и транспортирани вкупно 50 кубни метри непрописно одложен отпад, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Автомобил специјално конструиран за криење на стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР, службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...

Македонија34 минути

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на ланец аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки...

Македонија60 минути

СДСМ: На страна сме на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се...

Македонија2 часа

СДС треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува...

Европа4 часа

Ердоган е лидер со најдолг стаж во модерна Турција: тој е во последниот мандат, освен ако има уставни амандмани или предвремени избори

Кандидатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за четврти мандат е „на дневен ред“ на владејачката Партија на правдата и...

Свет4 часа

(Видео) Монструозните пожари израмнија цели населби во Лос Анџелес, сега се очекува засилен ветер

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за силни ветришта во текот на ноќта, налети кои би можеле да разгорат два...

Македонија4 часа

Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -4...

Свет5 часа

(Видео) Пожарите во Лос Анџелес изгореа област со големина на Вашингтон, пристигнуваат и мексикански пожарникари

Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во...

Македонија5 часа

Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Свет5 часа

Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, набргу се среќавам со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе...

Македонија15 часа

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето

Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во...

Македонија23 часа

Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот...

Македонија23 часа

Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат

Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки,...

Свет24 часа

Белешките на мртвите севернокорејски војници откриваат ужасна тактика: „Човечката мамка треба да биде на 7 метри од дронот“

Рачно напишаните белешки пронајдени покрај телата на загинатите севернокорејски војници убиени на бојното поле во областа Курск во Русија откриваат...

Топ24 часа

Велешанец со „опел“ удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени

Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко...

Македонија1 ден

Се излизга машина за чистење снег, во целосен прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Машина за чистење снег се излизга на патот Гевлегија-Богданци. Од АМСМ објавија дека сообраќајот е во прекин во двата правци....

Македонија1 ден

„Големата измама на ‘Влен’ за’ Отворен Балкан’: од антинационален проект до стратешко партнерство на Скопје со Белград“, велат од ДУИ

„Додека беа во опозиција, партиите од коалицијата Влен дадоа големо ветување: Првиот ден на власт, ќе ја повлечат Северна Македонија...

Европа1 ден

Зеленски: Добро е што Фицо, конечно, се врати од одморот во луксузен хотел во Виетнам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Украина му понудила помош на словачкиот народ за време на периодот на прилагодување на...

Македонија1 ден

Филипче со честитка до Милановиќ: неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори...

Македонија1 ден

Повеќе од половина метар снег на Попова Шапка и Маврово, минусни температури во речиси целата држава

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени целзиусови, -8 било во Маврови Анови и Крушево,...