Македонија
Крстиќ: Ние сме стечајни работници од државни фирми
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/40e0a0e6-bf19-4703-8215-bdfb91dd7591.jpeg)
Велешките стечајци се незадоволни од игнорантскиот однос на премиерот Никола Груевски. На трибина во Велес во средата, тие му го кажале својот проблем на премиерот, но тој и понатаму останал на ставот дека тие се работници од приватизирани фирми.
Велешките стечајци се незадоволни од игнорантскиот однос на премиерот Никола Груевски.
На трибина во Велес во средата, тие му го кажале својот проблем на премиерот, но тој и понатаму останал на ставот дека тие се работници од приватизирани фирми.
„ Се обидовме на премиерот да му докажеме дека во Министерството за економија има документ во кој стои дека 68 фирми сеуште се водат како државни, а ние сме токму стечајни работници од тие фирми“, изјави Крстиќ.
Крстиќ информираше дека стечајците кои речиси два месеца штрајкуваат со глад во Куманово, вчера ги посетил првиот човек на ССМ, Ванчо Муратовски. Тој им ветил поддршка во борбата за остварување на своите права.
„Секоја поддршка ни е добредојдена, но бараме поддршката да биде во согласност со нашиот закон, а тој е дециден. Бараме 15 години работен стаж, 50 години старост за жени и 53 за мажи. Од тоа не отстапуваме од причини што за оваа категорија од нашите членови, ќе има многу голем број на кои не им е платен работен стаж по 8 до 12 години,“ додаде Крстиќ.
Стечајците со глад ќе штрајкуваат уште една недела, а потоа ќе преземат порадикални мерки. Со мирни протести пред Владата ќе си ги бараат своите уставни права. /крај/ди
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.