Контакт

Македонија

Презентација на руралниот развој за 2010 година

Објавено пред

Македонското министерството за земјоделие во сабота ќе ја презентира програмата за рурален развој за 2010 година.

Македонското министерството за земјоделие во сабота ќе ја презентира програмата за рурален развој за 2010 година.

Македонското министерството за земјоделие во сабота ќе ја презентира програмата за рурален развој за 2010 година.Како што е најавено, програмата ќе ја презентира  државен советник за рурален развој Маргарита Делева. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Доделени иновациски ваучери за 34 научно истражувачки проекти

Објавено пред

Фондот за иновации и технолошки развој денес ги презентираше резултатите од првиот Јавен повик за иновациски ваучери, со кои се поддржуваат 34 научно истражувачки проекти. Проектите се наменети за развој на нови производи и услуги, со повисока додадена вредност, а на нив ќе соработуваат домашни компании и високо образовните институции од државата. Ова е прв ваков инструмент во Северна Македонија, а целта е ангажирање на сите капацитети на државата во креирање на забрзан економски раст.

На јавната презентација на резултатите се обратија министерката за образование и наука, Мила Царовска, директорот на ФИТР Јован Деспотовски, а домаќин беше Машинскиот факултет во Скопје, претставуван од деканот проф. д-р Дарко Данев.

Министерката Царовска истакна дека реалниот сектор ја увидел потребата од инвестиции и примена на академските знаења во развој на бизнисите.

Деспотовски рече дека од денеска започнува со реализација на 34 проекти на кои заедно ќе работат домашните компании и академската заедница во функција на економскиот развој. Тој најави и нов сет мерки за директна поддршка на научно-истражувачката дејност во земјава.

Вкупниот износ на средства во јавниот повик изнесува 15 милиони денари и тие им се доделуваат на факултетите и истражувачките центри. Со иновациските ваучери се покриваат до 80% од вкупните трошоци на научно-истражувачките услуги, во максимален износ од 500.000 денари. Останатиот дел од 20% е учество на компанијата, корисник на услугите од факултетите. Рокот за реализација на средствата од ваучерите ќе изнесува шест месеци.

Средствата ќе се користат за развој на нови и подобрување на постоечки производи, процеси или услуги; техничка спецификација, производство на лабораториски прототипови, изработка на демонстрациони прототипови, различни видови на испитувања, валидација на технологија, советодавни услуги во врска со иновациска дејност, развој и воведување на посебен софтвер за производ или процес, како и за специфични обуки во врска со развојот на технолошки решенија.

Меѓу другото компаниите и универзитетите ќе работат на развој на систем за далечинско сензорирање на рударски комплекси со помош на безпилотни летала, развој на модел на вентилаторски ротор за проток на воздух, валоризација на отпаден пластичен материјал за добивање на рециклирачки профили за вградување во водени пумпи за наводнување.

Според анализата 68% се проекти на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, 26% од Универзитетот Гоце Делчев од Штип и 6% од Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола. Компаниите со кои ќе соработуваат се претежно стартап компании 71%, и тоа микро (16) и мали (15) претпријатија, и средни (3). 21 од нив се нови корисници, додека 13 веќе користат средства преку другите инструменти на ФИТР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Позитивни на Ковид-19 биле 24% од тестираните во текот на изминатата недела

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од минатата недела (19 до 25 октомври), тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведув тестирање за Ковид-19, што е зголемување од (5,9%) во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.654; 48,5%), каде е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=750, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (n=673; 19,7%), 40-49 (n=632; 18,5%), 50-59 (n=595; 17,4%) и 20-29 (n=539; 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=72; 2,1%) и 10-19 години (n=149; 4,4%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3%.

По добиени 2 негативни теста за присуство на Ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 477 повеќе во однос на минатата недела.

Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4% во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 19 – 25 октомври, како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи на министерскиот состанок за интеграција на Ромите во рамките на Берлинскиот процес

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во улога на копретседавач со Берлинскиот процес имаше воведно обраќање на министерскиот состанок посветен на интеграцијата на Ромите кој се одржa во Тирана во дигитална форма.

„ Минатата година, на иницијатива на Северна Македонија беше донесена Декларацијата на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување кон ЕУ. Ме прави особено горд фактот што една година подоцна, во рамките на нашето заедничко претседателство со Бугарија со Берлинскиот процес правиме пресек на постигнатите резултати од имплементацијата на оваа Декларација и ги дискутираме натамошните активности“, нагласи Османи.

„ Ромите се интегрален дел од нашите општества, без никакви изговори мора да преземеме конкретни политички и правни мерки за што поголема нивна вклученост во сите општествени збиднувања. ЕУ интеграцијата е заеднички пат, и Ромите не смеат да бидат оставени настрана. Како земји аспиранти за членство во ЕУ мора да демонстрираме успешен регионален концепт за интеграцијата на Ромите со видлив напредок во областите на образование, вработување, здравство и домување кај Ромите“, истакна Османи во своето обраќање.

Мнистерскиот состанок со воведни обраќања го поздравија и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Заклучоците од овој состанок се планира да се вклучат во завршните документи на Самитот на Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 10 ноември во Софија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на мета на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата...

Македонија18 минути

Позитивни на Ковид-19 биле 24% од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од минатата недела...

Наука2 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија2 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија3 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија3 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија4 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион4 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион5 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет5 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет5 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа6 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија14 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет17 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа18 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија19 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие