Црна хроника
Низ Македонија се апсат лица под сомение дека се членови на IS

Во тек е полициска акција во неколку градови од државава за апсење на лица, за кои постои сомнение дека се членови на терористичката организација, којашто води борби за освојување на територии во Сирија и Ирак, Исламска држав (IS).
Од Министерството за внатрешни работи за Макфакс потврдија дека се спроведува полициска акција и се апсат лица за кои постојат сомневања дека учествувале во војните во Сирија. Конечниот број на приведени не се соопштува, детали за акцијата полицијата ќе соопшти во текот на денов. „Лицата првично се товарат за учество во воени формации во странство, а во Македонија кривично дело е учеството во странски војски, паравоени структури во странство“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.При претресите во домовите, дел од осомничените не се најдени бидејќи во моментот се борат во редовите на Исламската држава, а дел од нив врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија. Станува збор за македонски државјани, но не се исклучува дел од нив да имаат и косовско или друго државјанство.Претреси се извршени во Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар. Во борбите во Сирија досега загинаа десетина македонски државјани кои се бореа на страната на Исламската држава./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.