Македонија
Претседателот Иванов на Десетиот Доха Форум во Катар
Претседателот на Македонија учествува на Десетиот Доха Форум во Катар, на покана на Емирот Хамад Бин Калифа Ал Тани.
Претседателот на Македонија учествува на Десетиот Доха Форум во Катар, на покана на Емирот Хамад Бин Калифа Ал Тани. На Форумот Иванов во својот говор најмногу се осврна на безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа, поширокиот европски регион и во светот, како и придонесот на Република Македонија кон градењето на општиот мировен процес.
„Европската и Евроатлантската идеја се тие кои ни ги движат општествата во посакуваниот правец кон просперитет и благосостојба. Тие не упатуваат на тесна билатерална и регионална соработка и тоа во области кои до пред само 10 години беа незамисливи. Тоа е концепт на Пакс Еуропана, концепт на отворен простор. Тоа е мојата визија за Република Македонија и за целиот регион. Впрочем, тоа е и визијата на градителите на Европското обединување. Ние сме на иста линија. Без македонската безбедност и стабилност, безбедноста и стабилноста на Балканот, во Југоисточна Европа, е тешко замислива.
Според Иванов, градењето на безбедноста на Југоисточна Европа ќе биде поуспешно со проширување на зоната на мирот во Европа преку проширувањето на НАТО и Европската унија.
„За да биде одржлива, безбедноста треба да биде сеопфатна. Треба да ја гарантира добробитта и на поединецот и на општеството. И на државата, но и на меѓународната заедница. Денешните глобални закани бараат глобален одговор. Свесни сме дека не-поредокот во Авганистан шири реални ризици и вон границите на таа земја. Свесни сме дека ризиците од тој регион се реални и за Европа и за Балканот. Затоа, ние инвестираме во нашата и во европската безбедност. Затоа, Република Македонија ги стави на располагање своите мировници за одбрана на вредностите на слободата и демократијата. Со активното учество во мировната мисијата, Македонија се однесува како де факто член на НАТО алијансата, рече Иванов.
Според претседателот, придонесот на Македонија е повеќеслоен. Македонија придонесува кон безбедноста и стабилноста на суб-регионално, регионално и глобално ниво. Тоа го прави преку градење и промовирање на својот модел на мултиетнички соживот. Дијалог кој го поттикнавме преку организирање на конференцијата Дијалог меѓу цивилизациите токму во Охрид, во Македонија, за што сме и благодарни на Државата Катар за сесрдната поддршка. Тоа е доказ дека во овие наши напори ние не сме сами. Напротив, имаме силна поддршка.
Претседателот Иванов вчера оствари средба со Неговото Височество Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, Емир на Катар, како и со Неговата Екселенција Владис Затлерс, Претседател на Република Летонија../крај/ со/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

