Контакт

Надворешна политика

Рамадани: Германија е традиционален партнер во безбедноста на Македонија

Објавено пред

На патот кон нашето евроатланско интегрирање, Сојузна Република Германија е традиционален и докажан пријател на Република Македонија, а сојузната држава Бранденбург сигурен партнер во изградбата на модерна и професионална македонска полиција, изјави во вторникот на свеченото отворање на 12-от циклус Охридски разговори помошникот министер за внатрешни работи Сали Рамадани.
 

dobivaj vesti na viber

На патот кон нашето евроатланско интегрирање, Сојузна Република Германија е традиционален и докажан пријател на Република Македонија, а сојузната држава Бранденбург сигурен партнер во изградбата на модерна и професионална македонска полиција, изјави во вторникот на свеченото отворање на 12-от циклус Охридски разговори помошникот министер за внатрешни работи Сали Рамадани.

 

Помошникот министер нагласи дека како резултат на редовните билатерални средби во досегашниот тек на соработката е утврдена одредена правна рамка за развивање на соработката која ја вклучува Заедничката декларација за соработка, продолжување и интензивирање на размената на искуства на полето на заштитата од пожари и катастрофи меѓу Ценатрот за управување со кризи на РМ и Министерството за внатрешни работи на Бранденбург, но и Меморандумот за разбирање меѓу двете министерства соработка продолжување и интензивирање на размената на искуства.

„Токму во овој документ, Меморандумот за разбирање потпишан во Потсдам во 2008 година, ја означува нашата намера и заедничка желба покрај досегашната конструктивна соработка дда го интензивираме дијалогот во размена на искуствата во рамките на овие Охридски разговори”, рече Рамадани.

„Од тие причини годинава како домаќини на 12- от циклус Охридски разговори, посакавме и побаравме проширување на соработката и на други ресори со намера, да обезбедиме посеопфатни презентации во смисла на начинот на постапување и овластувања на МВР но и на други институции во рамки на јавната администрација со кои имаме преклопување или слични надлежности во одредени сегменти“, заклучи помошникот на министерот за внатрешни работи. Во своето пригодно обраќање, Ралф Холцшуер, министер на МВР на германската покраина Бранденбург ја истакна одличната соработка што полицијата на германската покраина Бранденбург ја има со македонското МВР.

„Охридските разговори се извонредна можност за размена на искуства меѓу претставниците на полициите од двете земји и ја искажа целосната подршка на Република Македонија на патот кон Европската унија“, истакна Холцшуер.

Според него, разговорите од овој циклуис ќе помогнат да се издигне соработката со Бранденбург на уште повисоко ниво но и реализација на конкретни проекти во справувањето со различни облици на криминал.

Меѓу темите на дискусија во рамки на 12-от циклус Охридски разговори се „Стратегии за компјутерска безбедност“, „Опасност од кражба на идентитет и сајбер напади врз економијата и како да се реагира“, „Откривање сомнителни финансиски трансакции” и „Илегален трансфер на финансии”.

Полициските експерти, исто така, ќе дебатираат и по темите „Радикализација која води кон тероризам”, „Ситуацијата во западен Балкан и нејзиното влијание за терористичка закана во рамките на ЕУ”, „Медиумска реалност- активности на деца и младина“, „Злоупотреба на социјалните мрежи” и др./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија2 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија2 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија3 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија3 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија7 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија7 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет16 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија21 час

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ23 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија1 ден

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет1 ден

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет1 ден

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија1 ден

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет1 ден

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија1 ден

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија1 ден

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...