Македонија
Тодоров: Сместувањето во „Стив Наумов“ беше под секое човечко достоинство
Околу 300 студенти од Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда се вселија во нови реновирани соби што претставува втор реконструиран дом во последните дваесет години
„Клучна работа при реновирањето на студентските домови е да се обезбеди тоалет во секоја соба. Студентите до минатата година беа сместени во бараките од спротива кои се во очајна состојба, сместувањето беше под секое човечко достоинство“, рече министерот за образование и наука, Никола Тодоров при денешната посета на студентскиот дом.Тодоров за наредната година најави целосна реконструкција на очајните услови во Студентскиот дом „Медицинар“, како и за изработка на студија на јавно приватно партнерство од аспект на енергетска ефикасност за домот „Гоце Делчев“.„Домот е екстремно неефикасен. За таму месечно се одвојуваат 100.000 евра само за парно, а студентите се незатоплени бидејќи во времето на изградба не се водело сметка за енергетската ефикасност“, рече министерот.Во план е и изградба на три нови домови во Скопје во кампусот на „Св. Кирил и Методиј“ со 1.500 легла, во Штип и во Тетово.Тодоров за наредната недела најави и инспекција на домовите поради изнесените информации во јавноста дека во собите живеат полицајци и телохранители.„Во понеделник инспекцијата ќе направи надзор за сите кои се сместени во нив најверојатно ќе им требаат три до четири дена да ги утврдат сите списоци и потоа ќе излеземе со податоци“, додаде тој.За тепачката кој се случи пред два дена во која двајца ученици од средното училиште „Орце Николов“ беа прободени со нож, министерот рече дека треба да се преземат мерки за подобрување на воспитната компонента во образованието како дел од етиката и моралот, како и мерка за заштита на интегритетот на наставникот со предвидување на казни за родителите и учениците кои психички и физички ги малтретираат наставниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Дебар – Маврово
Се укинува забраната за движење на тешки моторни на патниот правец Дебар – Маврово, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за камиони на патот Крива Паланка – Деве Баир
Забрана за движење на тешки товарни которни возила 19,45 часот на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир и обратно, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Службите од прв момент се на терен и ги чистат патиштата, СДС да се грижеа, немаше институциите да ги остават во девастирана состојба, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.
Појаснуваат дека од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата.
„Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.ВМРО-ДПМНЕ работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.
ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите“, се истакнува во соопштението.
До некаде, како што велат, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа, нагласуваат од ВМРО_ДПМНЕ, треба јавно да излезат и да им се извинат на македонската јавност.