Македонија
Вардар во Велес се искачи за триесетина сантиметри

Критична станува состојба со поплавите во велешкиот регион, откако нивото на реката Вардар се зголеми во утринските часови за триесетина сантиметри.
Критична станува состојба со поплавите во велешкиот регион, откако нивото на реката Вардар се зголеми во утринските часови за триесетина сантиметри. Откако реката пред една недела се излеа на кејот, состојбата се подобри, но изутрината водата повторно надојде. Тоа е лоша вест за граѓаните што имаат имоти во близина ,кои во изминативе денови беа загрижени околу евентуално излевање на Вардар ,кој сигурно ќе предизвика големи штети. Надлежните велат дека секојдневно ја следат состојбата и подготвени се да реагираат доколку тоа е потребно. Мобилни екипи го мерат нивото на реките. Друг проблем кој го предизвика високото ниво на реките се големите наноси на дрва и останати предмети по речното корито. Најкритична е состојбата со мостовите. На стопите лоцирани во речните корита се насобрани големи количества на материјал кои можат да влијаат на дестабилизација. Мостот во месноста Шорка во близина на Башино село има најмногу отпаден материјал на носечките столбови. Рибарите апелираат дека треба да започне чистење на овие делови за да не се случат несакани последици. Според дежурниот синоптичар временската прогноза за наредниве три дена е снижување на температурите за десетина степени и врнежи од дожд ,што може да предизвика раст на нивото на водите. /крај/лисица/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик

Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик.
„Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите“, изјави Кузеска одговарајќи на новинарско прашање.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.
Македонија
(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, рече Кузеска.
Таа посочи дека според официјалните податоци синдикалната кошница за четири месеци се зголемила за 3.473 денари, додека просечната плата пораснала за само 1.033 денари.
„Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, додека во БиХ е 511 евра, во Србија 500, во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра. Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да достигне 500 евра“, изјави таа.
СДСМ оценува дека Македонија тоне во сиромаштија, со БДП по глава на жител од 8.751 долар, далеку под европскиот просек.
„Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат потрошувачката кошница. Владата мора веднаш да ги покачи платите и да го прифати предлогот на СДСМ за минимална плата од 500 евра и покачување во сите сектори“, додаде Кузеска.