Црна хроника
Маж се задуши во пожар во куќа во кривопаланечко село

Маж се задушил од чад во пожар што избувнал во неговата куќа во кривипаланечкото село Дурачка Река.
Пожарот избувнал во петокот околу 11.30 часот кога од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и алишта.
Увид на местото на настанот извршиле инспектори, а од страна на лекар од ЈЗО-Куманово констатирано е дека нема траги на насилство и дека причината за смртта на педесетгодишниот маж е труење со јаглероден моноксид.
Со согласност на Јавното обвинителство, телото на починатиот е оставено на семејството.
Во петокот пожар избувнал и во куќа сопственост на седумдесет и седумгодишна велешанка на улица Благој Јосмов во Велес..
Пожарот започнал во една од собите и од таму за брзо време се проширил и ја зафатил целата куќа. Жената била евакуирана од страна на нејзината ќерка која била во куќата. Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од од СВР-Велес./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.