Контакт

Македонија

Украдени 34.000 евра и златен накит од куќа во струшко

Објавено пред

Непознато лице украло 34.000 евра, 200 швајцарски франци и поголемо количество златен накит од куќа во струшко село, информираат од МВР.

dobivaj vesti na viber

Непознато лице украло 34.000 евра, 200 швајцарски франци и поголемо количество златен накит од куќа во струшко село, информираат од МВР.

Имено, вчера во струшкото село Корошишта, непознато лице влегло во приватна куќа и  украло метална каса во која се наоѓале парите, накитот и 100 куршуми.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ми

Македонија

Претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен

Објавено пред

Сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен е нормализиран, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневска – Рокас: соработката со Европската унија е од суштинско значење за реализација на планираните образовни промени

Објавено пред

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската унија, Михалис Рокас.

dobivaj vesti na viber

Посакувајќи му успешен мандат, Јаневска се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на ЕУ во процесот на реформирање на националниот образовен систем.

На средбата, таа ги претстави тековните активности и планот за поквалитетно образование на сите нивоа.

„Стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен стимул и значаен фактор на кохезија за македонските граѓани, кои пак, од нас како Влада очекуваат современо и модерно образование. Истрајни сме во определбата да ги реализираме промените кои ги претставивме на почетокот на нашиот мандат. Оптимизам и решителност постои, а соработката со Европската унија е од суштинско значење за остварување на зацртаната цел, рече Јаневска на средбата.

Евроамбасадорот укажа на подготвеноста на ЕУ и понатаму да биде посветен партнер на државата во градењето современ образовен систем, кој ќе образува европски граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште...

Македонија17 часа

Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан при посетата во Охрид за...

Македонија18 часа

Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ сè уште не се почнати

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата, оцени дека е историска грешка што Брисел сè уште...

Македонија19 часа

Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли

Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење....

Македонија20 часа

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во...

Македонија21 час

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет21 час

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откога ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија21 час

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет1 ден

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...

Свет1 ден

Трамп: Денеска ќе се сретнам со Зеленски

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколкудневните гласини дека средбата е малку веројатна. Републиканскиот...

Свет1 ден

(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен

Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен. „Ве...

Македонија1 ден

Членството во ЕУ го чекаме од 2005 година, охрабрувани со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, рече Сиљановска Давкова во ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се...

Македонија2 дена

(Видео) Орбан пристигна во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. „Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу...

Топ2 дена

Во училиште во Илинден пронајдена почината вработена

Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била...

Македонија2 дена

Во пресрет на грејната сезона: инспектори од еден град ќе вршат надзор на еколошките дозволи на компаниите во други градови

Државниот инспекторат за животна средина ќе тргне во акциска контрола на издадените еколошки дозволи, пред сè, на производните капацитети на...

Македонија2 дена

Меџити: Нема потреба за загриженост, законот за бранителите нема да помине, во СДСМ преку ноќ станаа националисти

Владата има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите внатре во владината коалиција, рече денес министерот за животна средина...

Македонија2 дена

Бугарските политичари: Албанија оди напред, а Северна Македонија нека се справува со тоа што самата си го создаде

Лидерот на најголемата формација во парламентот во Бугарија, Бојко Борисов, кој е и претседател на Комисијата за надвоешна политика, го...

Македонија2 дена

Кривична пријава за поранешен градоначалник оти правел улица што не била дел од годишната програма

Полицијата до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Б.Ш. поради злоупотреба на службена положба и овластување,...

Македонија2 дена

Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекчилниците, помалите маркети

Денес, се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Излезени се 47 тима на терен, односно 135 инспектори...

Македонија2 дена

Се трага по маж од Белгија кој исчезна на Галичица, со себе носел планинарска опрема, а никој не го видел веќе една недела

Службите и граѓаните трагаат по 72-годишен маж на кој веќе една недела му се губи секаква трага. Станува збор за...