Македонија
Началниците на гинеколошките одделенија на отчет кај Османи
Сите началници на гинеколошко-акушерските одделенија во болниците и здравствените домови во државата, како и раководните тимови на професори од Клиниката за гинекологија
Сите началници на гинеколошко-акушерските одделенија во болниците и здравствените домови во државата, како и раководните тимови на професори од Клиниката за гинекологија и Специјалната болница за гинекологија – Чаир денеска биле повикани на вонреден состанок со Министерот за здравство, Бујар Османи.
Истовремено течат и инспекциски надзори на Државниот санитарен инспекторат во болниците во Прилеп, Гостивар и Тетово, информираат од Министерството за здравство.
Во болницата во Гостивар денеска бил испратен и стручен тим, на чело со државниот секретар во МЗ, Зоран Стојановски и директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Шемси Муса за да се утврди состојбата во родилиштето и да се испита евентуална одговорност на медицинскиот персонал.
Од здравство информираат и дека, Османи ги разрешил двајцата директори на општата болница во Прилеп, по што ќе биде назначен привремен раководен тим.
„Главна задача на новото привремено раководство на болницата е детално да ја скенира состојбата во прилепската болница и во рок од две недели да достави целокупен извештај до Министерството за здравство за состојбите во болницата, со посебен акцент на третманот на пациентите“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Министерството покрена обемна истрага за случаите со родилките откако, во рок од три месеци починаа три родилки во болницата во Прилеп и уште две во Тетово и Гостивар. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

