Контакт

Свет

ЕУ доделува дополнителна помош на Африканскиот рог

Објавено пред

Комесарот за меѓународна соработка, хуманитарна помош и реакција при кризи, Кристалина Георгиева вети дека ќе стори сé за да ги поддржи дванаесетте милиони жртви на тешката суша во Африканскиот рог и дека ќе ја зголеми финансиската помош со уште 27,8 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Комесарот за меѓународна соработка, хуманитарна помош и реакција при кризи, Кристалина Георгиева вети дека ќе стори сé за да ги поддржи дванаесетте милиони жртви на тешката суша во Африканскиот рог и дека ќе ја зголеми финансиската помош со уште 27,8 милиони евра.“Ќе направиме се што можеме“, изјави бугарската еврокомесарка за време на посетата во Дабад – најголемиот бегалски комплекс во светот. Средствата ќе бидат доделени во прилог на 70-те милиони евра, кои Унијата веќе ги даде на настраданите од најтешката регионална суша во последните неколку децении, која ги зафати Етиопија, Кенија, Сомалија, Џибути и Уганда. Бегалците од соседна Сомалија кои бегаат од својата татковина поради сушата, гладот и конфликтите, продолжуваат да бараат азил во кампот во источниот дел на Кенија. Комплексот сепак е преполн и во него едвај може да се сместат оние 380 000 луѓе кои веќе живеат во него. /крај/бг/ко



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски: Мора да се спроведат мерки што ќе ја лишат Русија од ресурси за водење војна

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес упати сочувство до семејствата на загинатите и повредените во нападите на руските сили во текот на ноќта и посочи дека мора да се спроведат мерки што ќе ја лишат Русија од ресурси за водење војна.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на ноќта, Русите лансираа четири балистички ракети и 142 дронови“, напиша Зеленски на платформата Икс.

Како што изјави тој, десетици дронови сè уште кружат над украинското небо.

„Киев беше двапати погоден, прво со балистички ракети, а потоа и со беспилотни летала наутро“, напиша тој.

Според него, службите за итни случаи во моментов се на терен и им пружаат помош на луѓето.

„Моментално има извештаи за седум повредени, вклучувајќи четири деца. За жал, една жена и нејзиниот син беа убиени. Мое сочувство до семејството и роднините“, рече Зеленски.

Тој изјави дека од синоќа имало бројни напади врз регионите Запорожје, Донецк, Житомир, Херсон и Дњепар.

„Службите за итни случаи се распоредени на сите овие локации. По рускиот напад со балистички ракети врз Велика Чернечина во Сумската област, Русите почнаа да фрлаат бомби и да го гранатираат подрачјето, токму кога беа во тек спасувачките операции“, рече Зеленски.

Само значително зголемен притисок врз Русија и построги санкции можат да го отворат патот за дипломатија, додаде тој.

„Мора да се спроведат мерки што го лишуваат агресорот од ресурси за водење војна за да се воспостави траен мир. Им се заблагодарувам на нашите партнери кои го делат овој став и ни помагаат“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на сите што ѝ помагаат на Украина во воздушната одбрана.

Тој нагласи дека Русија мора да биде одговорна за своите постапки.

Две лица се убиени во нападот врз Киев синоќа, потврдија извори блиски до градските власти, објави Укринформ.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на Телеграм дека беспилотни летала ги погодиле горните катови на станбена зграда во Шевченковската област во главниот град.

Кличко изјави дека вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и четири деца.

Прикажи повеќе...

Свет

Каде се наоѓа Кашмир и зошто е толку важен?

Објавено пред

Од

Кашмир, хималајскиот регион на север од Индискиот Потконтинент, е едно од најнестабилните жаришта во светот повеќе од седумдесет години. Откако доби независност од Британската империја во 1947 година, Индија и Пакистан водеа неколку војни и конфликти, речиси сите околу правата врз Кашмир.

dobivaj vesti na viber

По поделбата на Британска Индија на претежно хиндуистичка Индија и муслимански Пакистан, Кашмир стана точка на спор. Иако имаше претежно муслиманско население, во тоа време беше управуван од хиндуистички принц. Во октомври 1947 година, избувна првата војна меѓу двете новоосновани држави. Конфликтот, во кој загинаа илјадници луѓе, заврши во 1948 година без конечно решение.

Една година подоцна, во 1949 година, со посредство на Обединетите нации беше воспоставена линија на прекин на огнот, со која Кашмир беше поделен на два дела – едниот под индиска контрола, а другиот под пакистанска контрола. ООН потоа вети референдум меѓу луѓето од Кашмир за да одлучат дали сакаат да се приклучат кон Индија или Пакистан. Сепак, овој референдум никогаш не се одржа.

Денес, Кашмир е поделен на три дела, контролирани од различни сили. Индија ги администрира јужните и централните делови од регионот, познати како Џаму и Кашмир, и планинскиот регион Ладак на исток, кој го вклучува стратешки важниот глечер Сијачен. Пакистан го држи југозападниот дел, наречен Азад Кашмир, и северниот дел, познат како Гилгит-Балтистан. Кина, од друга страна, ја контролира големата надморска височина ппустина Аксаи Чин на североисток, која Индија исто така ја смета за дел од Ладак.

Границата помеѓу индискиот и пакистанскиот дел од Кашмир е позната како Линија на контрола (ЛоК). Иако не е меѓународно призната како официјална граница, ЛоК денес претставува де факто линија на поделба помеѓу териториите што ги администрираат двете земји. Линијата беше потврдена по војната во 1971 година и се базира на Карачискиот договор од 1949 година, со кој се воспостави прекин на огнот под надзор на Обединетите нации.

Кашмир, како што потврди ескалацијата утрово, е едно од најопасните геополитички жаришта во светот. Конфликтот одзеде десетици илјади животи во текот на изминатите три децении, а конечното решение сè уште не е на повидок.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Руски беспилотни летала погодија станбени згради и супермаркет во Киев, двајца загинати

Објавено пред

Од

Најмалку две лица загинаа во Киев во напад што беше извршен ноќеска од страна на Русија. Лицата загинале кога остатоци од беспилотно летало погодило станбени згради, предизвикувајќи пожари во неколку населби, соопштија агенцијата за цивилна заштита и градоначалникот Виталиј Кличко.

dobivaj vesti na viber

Жртвите биле пронајдени додека пожарникарите се обидувале да ги изгаснат пожарите во становите што избувнале откако делови од дронот паднале врз петкатна зграда.

Во меѓувреме, сирените за воздушни напади продолжија да се огласуваат во главниот град и рано наутро, а Кличко ги повика жителите да се засолнат.

Тој рече дека уште осум лица се повредени, вклучувајќи четири деца. Службите за цивилна заштита соопштија дека пет лица се повредени.

Во друг напад, се запалиле седмиот, осмиот и деветтиот кат од десеткатна зграда. Погоден бил супермаркет. Украинските медиуми објавија дека се слушнале експлозии за време на воздушниот напад на градот.

Во Москва, градоначалникот Сергеј Собјанин, соопшти на Телеграм дека руската воздушна одбрана пресретнала девет украински дронови во текот на ноќта. Нема извештаи за штети или жртви.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете: на сила го внеле во возило и го удирале со тупаници и железна палка

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија31 минута

(Видео) Мицкоски на Денот на полицијата: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Премиерот, Христијан Мицкоски, на Денот на полицијата – 7 мај, испрати порака дека нема компромис со криминалот. Според него, корупцијата...

Македонија49 минути

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на...

Македонија3 часа

„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои...

Свет3 часа

(Видео) Бајден го даде првото интервју по напуштањето на Белата куќа: Глупаво е да се мисли дека Путин ќе застане на Украина

Џо Бајден, во своето прво интервју за Би-би-си откога ја напушти Белата куќа, изјави дека притисокот на администрацијата на Доналд...

Европа4 часа

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се избира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе...

Свет5 часа

(Видео) Се појавија првите снимки од нападот на Индија врз Пакистан

Тензиите меѓу соседните земји со нуклеарно оружје, Индија и Пакистан, драматично ескалираа откако Индија вчера вечер ја започна својата воена...

Свет5 часа

Пакистанскиот премиер: Подмолниот непријател изврши кукавички напад, овој гнасен чин на агресија нема да остане неказнет

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вечерва објави официјално соопштение во кое остро ги осуди индиските воени напади. „Подмолниот непријател изврши кукавички...

Свет5 часа

(Видео) Трамп за нападот на Индија врз Пакистан: Штета, штотуку го слушнавме тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е жал што Индија го нападна Пакистан. „Штета. Тукушто слушнавме за тоа, токму...

Свет5 часа

Индија го нападна Пакистан; Пакистан: Ова е срамен и кукавички напад

Индиската влада вчера вечер потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и дел од...

Македонија18 часа

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-406/25, на нејавна седница одржана на ден 06.05.2025 година, ја уважиl...

Македонија21 час

Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба...

Македонија22 часа

(Видео) Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение, обвини СДСМ

Граѓаните се соочуваат со нови ценовни шокови по маркетите и продавниците. Цените повторно се покачени по истекот на мерката за...

Топ22 часа

10-годишно девојче со тешки повреди донесено во болница во Прилеп: со возило ја прегазил нејзиниот 7-годишен брат

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилеп било пријавено дека кај нив со...

Топ22 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: незаконски вработил вкупно 127 лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на...

Македонија23 часа

Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде...

Македонија23 часа

„Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност“, велат од партијата Левица

„Министерот за спорт, Борко Ристовски се нама огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање...

Македонија24 часа

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...

Свет1 ден

Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да...

Регион1 ден

Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“....