Македонија
Одржана Национална конференција за образование за одржлив развој
Национална конференција за образование за одржлив развој се одржа во четврток во Струмица.
Национална конференција за образование за одржлив развој се одржа во четврток во Струмица.
На конференцијата свои обраќања имаа министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, државен секретар за образование и наука, Елизабета Тодоровска и амбасадорот на Република Австрија Томас Мајкл Баер.
Целта е да се презентираат досегашните искуства во развивањето и имплементацијата на образованието за одржлив развој (ООР) во Република Македонија и пошироко во регионот и преку дискусија да се заземе заеднички став во однос на идните чекори за унапредување на ООР.
Министерот Адеми истакна дека потребата од еколошкото образование е регулирана и со новиот Закон за животна средина и спроведувањето на проектите од оваа област преставува уште еден во низата напори на Министерството за животна средина и просторно планирање за заштита и унапредување на животната средина и приближување на Република Македонија кон Европската Унија.
Организатор на конференцијата е Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) Канцеларија во Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

