Македонија
Бугајски: Во Лисабон сите знаеја дека нема да има формална покана за Македонија
На Самитот на НАТО во Лисабон беше потврден ставот од Букурешт дека Македонија ќе стане членка ќе го реши проблемот со името. Јануш Бугајски од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон за ваквиот исход коментира: „Како и што се очекуваше. Сите знаеја дека нема да има формална покана за членство на Македонија се додека не се најде решение за спорот со Грција. Мислам дека ниту една членка на НАТО не сака да интервенира, затоа што тоа е билатерално прашање за изнаоѓање решение. Но доколку САД и која и да е друга членка на НАТО може да дадат помош, сигурен сум дека со задоволство ќе помогнат. Се надевам дека до наредниот самит на НАТО за две години, Скопје официјално ќе добие покана за членство“.
Во интервју за Гласот на Америка, Бугајски анализира зошто постои надеж за брза завршница на повеќедеценискиот спор иако веќе минаа двеипол години од самитот во Букурешт.
„Не би рекол брза, затоа што нема да се реши преку ноќ. Мислам дека Грција има свои внатрешни проблеми со кои се справува, и во рамки на ЕУ. Македонија има различни прашања што самата треба да ги реши. Се додека биде направен некаков напредок, некаков основен договор што може да се ратификува, тоа би можело да и помогне на земјата да добие некаков вид на покана за членство“, коментира аналитичарот од Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.
НАТО, и како други меѓународни организации, се води од принципот на консензус, што е неопходен и за членство, потсетува аналитичарот Бугајски.
„Владата во Македонија треба да има на ум дека не само што треба да има добри односи со Грција, туку и такви во кои ќе има компромис, за да на неа се гледа како на добар партнер во НАТО.Не се работи само за членството, туку земјата треба да егзистира до соседот. Мислам дека е подобро да се почне на здрава нога, кога ќе биде постигнат договор, вели Бугајски“. /Крај/воа/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

