Свет
Нетанјаху изрази жалење за загинатите
Израелскиот премиер изрази жалење за смртта на странските активисти при израелското запоседнување на турскиот брод кој во хуманитарниот конвој пловеше кон Газа
„За жал, во размена на огнот најмалку десет лица загинале. Жалиме за загубата на овие животи“, изјавил премиерот Бенјамин Нетанјаху во понедленик доцна попладне при неговата посета на Канада, пренесува Reuters.Амбасадорот на Израел при Обединетите нации во Женева изјавил дека неговата земја има право да го нападне секој објект којшто ќе се обиде да ја пробие поморската блокада на појасот Газа.„Секој пловечки објект кој ја крши или се обидува да ја крши поморската блокада пред брегот на Газа може да биде заземен или дури и нападнат според меѓународното право“, изјавил во Советот за човекови права при Обединетите нации, амбасадорот Ахарон Лешно Јаар, пренесе агенцијата DPA.Амбасадорот додал и дека „Израел жали за секој загубен живот“, додавајќи дека „одговорноста во овој случај паѓа врз осмислувачите на оваа насилна провокација“, обвинувајќи ги организаторите на акцијата за доставување помош за палестинските енкалви во појасот Газа. Тензиите во регионот на Средоземјето и Блискиот Исток пораснаа, па во понеделник навечер како и преку целиот ден следат забрзани дипломатски иницијативи проследени со остри осуди за акцијата на израелските командоси. Турција веднаш го повлече својот амбасадор од Тел Авив и ги откажа планираните заеднички воени маневри, а Обединетите нации свикаа итна вонредна содница на Советот за безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка му одговари на Трамп: Европа нема да биде уценувана
Европа нема да биде уценувана со царински закани од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави премиерката на Данска, Мете Фредериксен.
„Кралството Данска добива голема поддршка. Истовремено, сега е уште појасно дека ова прашање ги надминува нашите национални граници“, наведе таа.
„Токму затоа е уште поважно цврсто да стоиме зад темелните вредности врз кои е изградена европската заедница. Ние сакаме соработка, а не сме ние тие што бараат судир“, додаде Фредериксен.
Свет
Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок
Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен дански премиер Андерс Фог Расмусен, пренесува „Фајненшел тајмс“.
Расмусен го спореди јазикот што го користи Доналд Трамп за Гренланд со јазикот на „гангстери“ во Русија и Кина, кои САД, според него, би требало да се обидат да ги контролираат.
„За мене тоа беше болен процес. Од детството ги сметав САД за природен водач на слободниот свет. Дури зборував за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, кој испратил дански трупи да се борат заедно со САД во Авганистан.
„Сега гледаме дека САД користат јазик што е прилично сличен на гангстерите што треба да ги контролираат – во Москва, Пекинг итн.“, додаде тој.
Расмусен исто така предупреди дека ваквите поделби на Запад му одат во прилог на Кремљ.
„Убеден сум дека Москва се надева Гренланд да стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, рече тој, заклучувајќи: „Значи, ова е прашање што оди подалеку од Данска и Гренланд… Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме.“
Свет
(Видео) Подот попуштил за време на забава: се урна цел кат од зграда во Париз, има повредени
Петтиот кат на станбена зграда во 11. арондисман во Париз се урнал во текот на изминатата ноќ врз четвртиот кат од истата зграда, во момент кога околу педесет лица биле собрани на забава во станот чиј под се урнал, при што 20 лица биле повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина.
При уривањето на катот од зградата, кое се случило кога подот на приватен стан на петтиот кат се урнал за време на прослава, едно лице било тешко повредено и доживеало срцев застој, а 19 лица се здобиле со полесни повреди, пренесе телевизијата „БФМ“.
Un appartement du 5e étage d’un immeuble situé rue Amelot, dans le 11e arrondissement, s’est effondré sur un autre du 4e étage cette nuit. Une vingtaine de personnes sont blessées Sur place, des constatations sont faites dans le logement. @actufrparis #Paris #pompiers #logement pic.twitter.com/tHsnWLpRM4
— Antoine Grotteria (@AntoineGROTTER1) January 18, 2026
Пожарникарите од урнатините ги извлекле сите повредени, од кои итните служби пренеле 16 лица во болница.
Противпожарната бригада била известена во 00:20 часот дека петтиот кат од зградата со шест ката, на адреса улица Амело број 34, се урнал врз четвртиот кат.
По инцидентот, зградата, заедно со уште две соседни згради, била евакуирана, но станарите од двете соседни згради во текот на ноќта се вратиле во своите станови. Во интервенцијата учествувале 125 пожарникари и околу 40 возила.
Фото: илустрација

