Свет
Израелскaта авијација нападна две локации во Газа

Израелските воени авиони во вторникот, доцна вечерта извршиле напади врз две локации во централните и во јужните делови на појасот Газа, при што во првичните извештаи се споменува едно рането лице, јави радио станицата „Ал-Кудс“.Според радиото, цел на воздушниот напад бил штабот на милитантите на палестинското радикално движење Хамас во западниот дел од градот Дејир ал-Балах во централната област од енклавата. Зградата била тешко оштетена, но засега нема информации за жртви.Истовремено израелските воздухопловни сили гаѓале и шверцерски тунел под границата меѓу Газа и Египет, ранувајќи притоа едно лице. Во ракетирањето била уништена целта и била предизвика значителна штета на неколку соседни тунели.Неколку часа претходно, израелските воени извори објавија дека во последниот ракетен напад од територијата на појасот Газа кон Израел, немало жртви. Во 2010 г. врз израелските јужни територии на границата со појасот Газа, се истрелани повеќе од 230 ракети и минофрлачки гранати. Одговорноста за ваквите напади од страна на израелските власти, без оглед на тоа која милитантна група стои зад нив, секогаш ја префрлаат на исламистичкото движење Хамас кое по протерувањето на приврзаниците на претседателот на палестинската автономија Махмуд Абас, целосно го контролира појасот Газа./крај/ро.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).