Свет
Се самоуби помладиот син на иранскиот шах
Помладиот син на поранешниот ирански шах, Реза Пахлави, кој од власта е срушен по исламската револуција во 1979 г., 44-годишниот Алиреза Пахлави извршил самоубиство во неговиот дом во САД, изјави неговиот брат
„Како и милиони Иранци и тој беше длабоко потресен од маките во кои се наоѓа нашата драга татковина. Исто така беше потресен од губењето на нашиот татко и нашата сестра“, напишал меѓудругото на својата интернет страница постариот брат Реза Пахлави. „Во голема тага ги известуваме нашите сонародници за смртта на принцот Алиреза Пахлави“, напиша постариот син на шахот Мохамад Реза Пахлави.Reuters пренесува дека полицијата во Бостон и Кембриџ каде Пахлави струдираше, веднаш не можела да ја потврди неговата смрт и додава дека портпаролот на универзитетот Харвард немал информации за Алиреза кој таму бил на постдипломски студии по философија и древна иранска историја.Постариот принц и престолонаследник Реза Пахлави појаснил дека Алиреза „извршил самоубиство вечерта кон 4-ти јануари и со тоа им задал страшен удар на семејството и на пријателите“.ШАхот Мохамад Реза Пахлави почина во 1980 г. во Каиро. Неговата најмлада ќерка Леила Пахлави се уби во 2001 г. во Лондон во 31-та година од животото со смртоносен коктел о длекови и којаин, покажа подоцна обдукцијата. Нивниот татко Мохамед Реза Пахлави (1919-1980) е последниот ирански шах. Поврзаноста со американскиот капитал, прекумерното богатење и извлекување на богатството од земјата, недемократскиот режим со воена потпора и насилното пресметување со опозицијата, го предизвикаа револтот кај народот. Незадоволниот народ предводен од ајатолахот Хомеини, ја спроведе револуцијата против владатeлoт и династијата Пахлави. Мохамеd Резa под голем притисок ја напушти земјата во 1979 година. Кога во март 1979 г. на референдум е изгласана Исламската Република Иран, власта на династијата Пахлави и формално престана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Кина сака добри односи со Западот и и помага на Русија, не може да ги има и двете
Кина мора да престане да ја поддржува руската војна во Украина ако сака да ужива во добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, предупредувајќи го Пекинг со невообичаено остри зборови дека не може да ги има и двете. За време на посетата на Берлин, шефот на западната воена алијанса рече дека помошта на Пекинг е од витално значење за воените напори на Москва бидејќи ја зајакнува воената економија на Русија со споделување на врвна технологија, како што се полупроводниците.
„Минатата година Русија увезе 90 отсто од својата микроелектроника од Кина, која се користи за производство на проектили, тенкови и авиони. Кина исто така работи на Русија да и обезбеди подобрени сателитски способности“, рече Столтенберг. „Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна. Не може да ги има и двете“, предупреди тој.
Столтенберг ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија. „Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина и да зависиме од нејзините пари, суровини и технологии. Зависноста не прави ранливи“, додаде тој.
Кина ги зајакна трговските и воените врски со Русија во последниве години, бидејќи САД и нивните сојузници воведоа санкции и на двете, но особено на Москва, поради нејзината инвазија на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека планира да отпатува за Кина во мај, но не прецизираше точно кога.
Свет
САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош
Соединетите Држави почнаа да градат пристаниште во Газа, соопшти денеска Пентагон, проект кој треба да ја олесни испораката на хуманитарна помош на палестинската територија. Пристаништето треба да профункционира на почетокот на мај.
Во март, претседателот Џо Бајден објави дека американската војска ќе изгради привремено пристаниште на медитеранскиот брег на Газа за да добива хуманитарна помош по море.
Изградбата е дел од напорите да се спречи гладувањето во палестинската енклава, која веќе пет месеци се наоѓа во средината на израелската воена кампања против Хамас, која го опустоши Појас Газа и ги потопи нејзините 2,3 милиони луѓе во хуманитарна катастрофа.
„Можам да потврдам дека американските воени бродови, вклучително и УСНС Бенавидез, почнаа да градат привремено пристаниште…“ изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
ОН предупредија дека Газа е во опасност од глад и се пожалија на „огромни пречки“ при добивањето помош и нејзино дистрибуирање низ енклавата.
Агенциите за помош и администрацијата на Бајден го молеа Израел да ја олесни испораката на помош во Газа и да им дозволи на нивните конвои безбедно поминување на територијата.
Рајдер рече дека Пентагон следи некој вид минофрлачки напад во Газа што предизвика минимална штета во близина на областа каде што се гради пристаништето, но додаде дека американските сили сè уште не почнале да преместуваат ништо во областа и дека нема американски сили на теренот.
Свет
(Видео) Големи поплави во Танзанија, загинаа 155 луѓе
Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива. Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи.
Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.
„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива.
Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија на истокот на Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува Си-ен-ен.
Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст изврши повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби беа поплавени.