Свет
Медиумите пишуваат кој ги плаќа протестите против Трамп, тој најавува специјален обвинител за Клинтон
Протестите против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, коишто последните неколку денови се одржуваат во неколку големи градови низ САД, ги финансира организацијата Progress Unity Fund, којашто е регистрирана како добротворна фондација, пишува во неделата информативниот портал Daily Caller.
Фондацијата Progress Unity Fund е организација којашто не се оданочува, и во САД е регистрирана според истата класификација како и Црвениот крст. Официјалната мисија на организацијата е „обезбедување прогресивна алтернатива на мејнстрим хуманитарните активности.
Според Daily Caller, фондацијата обезбедува финансиска поддршка за коалицијата од многу организации за заштита на човековите права ANSWER (Act Now to Stop War and End Racism), чиишто активисти започнале да организираат протести веднаш по неочекуваната победа на Доналд Трамп. Особено, организацијата ANSWER стои зад организацијата на протестите во Чикаго, Њујорк, Вашингтон, Сан Францисо, истакнува порталот.
„Резултатот е шокантен, Доналд Трамп беше избран за претседател, но луѓето може да истапат и да ја победат неговата фанатична, екстремно десничарска програма на активности. Коалицијата ANSWER се мобилизира во целата земја за организирање и учество во итните активности“, се наведува во отвореното соопштение на ANSWER по американските претседателски избори.
Истовремено Доналд Трамп не ја исклучува сосема можноста да назначи специјален обвинител за кривична истрага на својата ривалка во трката за Белата куќа, демократската кандидатка Хилари Клинтон, пренесе агенцијата Reuters.
На прашањето од новинарите за таквата можност, Трамп во неделата одговорил дека „размислува за тоа“, пренесува агенцијата.
Трамп во трите предизборни телевизиски соочувања со Клинтом вети дека ќе именува обвинител кој ќе ги истражува активностите на поранешната прва дама и државна секретарка анкети во врска со нејзиното користење на приватниот сервер за официјална доверлива комуникација, а под сомневање го стави и финансиското работење на хуманитарната семејна фондација на Клинтонови. Републиканецот повеќепати порача дека за време на неговиот претседателски мандат Хилари Клинтон ќе оди во затвор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

