Спорт
АТП: Ѓоковиќ го совлада Чилиќ

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не дозволи изненадување во третото коло на АТП турнирот од Мастерс серијата кој се игра во Монтреал.
Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не дозволи изненадување во третото коло на АТП турнирот од Мастерс серијата кој се игра во Монтреал. Ѓоковиќ за пласман во четвртото коло забележа победа над Хрватот, Марин Чилиќ, кој вчера вечер со извонредна игра го елиминира Хуан Мартин Дел Потро. Ѓоковиќ, во меч кој траеше 90 минути, забележа победа од 2:0 (7:5, 6:2). Слично како и во второто коло Ѓоковиќ се мачеше во првиот сет, но во 12 гем ја искористи единствената брејк топка( која беше и сет топка) во првиот сет: Во вториот сет првиот светски рекет го наметна својот стил на, и максимално користејќи ги грешките на Чилиќ стигна до победата и пласман во четвртото коло. За Србинот ова беше 50-тата победа од почетокот на годината, тој има само еден пораз, од Роџер Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос. Од досега завршените мечеви во Монтреал пласман третото коло го минаа Томаш Бердих кој со 2:0 (6:3, 7:6) го совлада Иво Карловиќ, како и Станислас Вавринка кој со 2:1 (6:4, 4:6, 6:4) го совлада Кевин Андерсон, кој во претходното коло меѓу гледачите го испрати бранителот на трофејот Енди Мареј. крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челзи се соочува со 74 обвиненија за недозволени исптати на менаџери

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини Челзи за 74 наводни прекршувања на правилата поврзани со плаќања на менаџери помеѓу 2009 и 2022 година. Обвиненијата првенствено се однесуваат на настани што се случиле помеѓу сезоните 2010/11 и 2015/16.
Наводните прекршувања се однесуваат на менаџери, посредници и инвестиции од трети страни во играчи, а клубот има рок до 19 септември да одговори.
Рускиот олигарх Роман Абрамович го контролираше клубот од 2003 до 2022 година. Минатата година, тој го продаде клубот на конзорциум предводен од американскиот инвеститор Тод Бејли и приватната инвестициска фирма „Клирлејк Капитал“.
„За време на темелен процес на длабинска анализа пред да се заврши купувањето, групата сопственици стана свесна за потенцијално нецелосни финансиски извештаи во врска со претходните трансакции и други потенцијални прекршувања на правилата на ФА“, се вели во соопштението на Челзи.
„Веднаш по завршувањето на купувањето, клубот независно ги пријави овие прашања до сите релевантни регулатори, вклучително и Фудбалската асоцијација. Клубот покажа невидена транспарентност во текот на целиот овој процес, вклучително и давање сеопфатен пристап до досиејата и историските податоци на клубот.“
Самата истрага ќе покаже колку сето ова ќе му помогне на клубот.
Спорт
„Пешиќ треба да поднесе оставка, ако има морал“

Мирослав Николиќ, долгогодишниот асистент на Александар Ѓорѓевиќ во кошаркарската репрезентација на Србија, смета дека последиците од неуспехот на националниот тим на Евробаскетот треба да ги сноси исклучиво селекторот Светислав Пешиќ.
Трофејниоттренер е шокиран од дебаклот на Србија на Европското првенство, и нема сомнеж кој е одговорен за раната елиминација на еден од најголемите фаворити.
„Ова се глупости, многу сум нервозен. Целата нација е разочарана. Селекторот Пешиќ треба да ја преземе одговорноста и да поднесе оставка, иако неговиот договор истекува на крајот од месецот. Дали има некаков морал? До кога селекторите ќе добиваат големи пари за неколку месеци работа годишно, а играчите ќе играат бесплатно? А потоа ако играчот не одговори на повико, тој не е патриот. Мајсторе, па како?“, рече Николиќ во интервју за „Данас“.
„Од професорот Александар Николиќ научив дека кога ќе победиш, победиле играчите. Кога ќе се загуби натпревар, го загубил тренерот. Тоа е поентата. Ќе видиме за година или две каде ќе оди нашата кошарка. Ќе видиме дали овие играчи повторно ќе се вратат во репрезентацијата, првенствено мислам на Јокиќ и Богдановиќ“.
Николиќ како асистент на Ѓорѓевиќ со Србија освои сребрени медали на светско и европски првенство, односно на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Болт: Моите рекорди еден ден ќе паднат, но не сум загрижен

Поминаа 16 години откако Јусеин Болт постави светски рекорди на 100 и 200 метри, а легендарниот спринтер верува дека тие резултати нема да бидат загрозени долго време.
„Не сум загрижен“, рече Болт на настан на „Пума“, два дена пред почетокот на Светското првенство.
Болт ги постави рекордите (9,58 секунди на 100 и 19,19 секунди на 200 метри) во 2009 година во Берлин.
Оттогаш, само Јохан Блејк успеа да трча под 9,7 секунди на 100 метри и побрзо од 19,3 секунди на 200 метри.
Американецот Ноа Лајлс беше единствениот кој отворено објави дека сака да ги сруши рекордите на Болт.
Тој ги освои двата спринта на светските првенства во 2023 година, но неговиот најдобар резултат беше 19,31 секунди на 200 метри од 2022 година, што е нов американски рекорд.
Најдобриот резултат во 2025 година го постави Јамајканецот Кишане Томпсон (9,75 секунди), па се очекува дека тој, заедно со сонародникот Облик Севил, ќе биде фаворит во финалето на 100 метри. Болт предвидува дека Јамајка ќе ги заземе првите две места.
„Сè е во правилното изведување на трката, а не обрнувањето внимание на бучавата од страна“, рече Болт.
Австралискиот тинејџер Гут Гут (17), кој веќе го споредуваат со Болт поради неговиот стил и резултати, би можел да биде кандидат за соборување на рекордот во иднина.
„Лесно е во помладите категории, но преминот во сениорското натпреварување е многу потежок. Сè зависи од вистинскиот тренер и вистинското окружување“, рече Болт.
Иако верува дека напредокот во технологијата за атлетски обувки еден ден ќе доведе до нови рекорди, Болт верува дека неговите резултати засега не се во опасност.
„Сè во животот еволуира, луѓето сакаат да бидат подобри и побрзи. Нема да биде изненадување кога тоа ќе се случи, но нема да се случи сега“, заклучи Болт.
Foto/ EPA